Што се случува со телото кога не спиеме доволно

Правилната исхрана, вежбите и сиот напор што го вложувате во здравјето нема да дадат видливи резултати доколку не е придружено со здрав и добар сон од најмалку 7 часа. Ставете го сонот како приоритет бидејќи само добро одморен организам може да функционира здраво.

Правилната исхрана, вежбите и сиот напор што го вложувате во здравјето нема да дадат видливи резултати доколку не е придружено со здрав и добар сон од најмалку 7 часа. Ставете го сонот како приоритет бидејќи само добро одморен организам може да функционира здраво.

Колку часа сон ни се потребни?

Ќе се согласите дека се чувствувате свежо и одморено по добар и цврст сон. Според истражувањето спроведено во времетраење од две години, формирани се 9 групи на луѓе со точно одредени препораки за неопходни часа сон:

Возраст

 Потребни часа сон

Возрасни лица над 65 години

 7-8 часа

Возрасни 26-64 години

 7-9 часа

Возрасни 18-25 години

7-9 часа

Тинејџери 14-17 години

8-10 часа

Тинејџери 6-13 години

9-11 часа

Претшколски деца  3-5 години

10-13 часа

Деца 1-2 години

11- 14 часа

Бебиња 4-11 месеци

12-15 часа

Новороденче 0-3 месеци

14-17 часа

Што се случува со телото кога не сте наспани?

Без разлика на возраста, докторите препорачуваат најмалку 7 часа одмор и сон. Доколку имате нередовен сон тогаш може да се соочите со: нарушена меморија и концентрација, променливо однесување, поголема склоност на стрес. Сообраќајните несреќи се уште еден ризик.

Ова се краткорочни проблеми, но доколку сериозно се соочувате со несоница тогаш многу е веројатно да се соочите со посериозни нарушувања како висок крвен притисок, дијабетес, срцев удар, мозочен удар, дебелина, депресија и намалување на сексуалната желба. Хроничната несоница може да предизвика и промени на вашиот изглед со појава на темни кругови под очите и брчки.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!