Губење на меморијата – расеаност или сериозно нарушување?

Се пронаоѓате ли во речиси секојдневното прашање - каде ги оставив клучевите од автомобилот или очилата. Експертите велат дека тоа е сосем нормално. Сте се запрашале ли во кои случаи станува збор за сериозно нарушување на меморијата и треба да побарате лекарска помош? Тука спаѓаат бројни примери на губење меморија која ги нарушува секојдневните активности (одржување лична хигиена, возење, редовно заборавање на претходно закажани состаноци, прегледи на доктор, заборавеност каде сте го паркирале автомобилот...).

Се пронаоѓате ли во речиси секојдневното прашање – каде ги оставив клучевите од автомобилот или очилата. Експертите велат дека тоа е сосем нормално. Сте се запрашале ли во кои случаи станува збор за сериозно нарушување на меморијата и треба да побарате лекарска помош? Тука спаѓаат бројни примери на губење меморија која ги нарушува секојдневните активности (одржување лична хигиена, возење, редовно заборавање на претходно закажани состаноци, прегледи на доктор, заборавеност каде сте го паркирале автомобилот…).

Посериозни нарушувања на меморијата вклучуваат заборавање на разговори во целост, заборавање на имињата на блиски роднини и пријатели, повторување на исти мисли или повторување на прашање кое веќе неколкупати сте го поставиле.

Како да си ја зачувате меморијата

Постојат неколку работи кои ќе ви помогнат да го одржите помнењето, како што е контрола на холестеролот и крвниот притисок, умерено консумирање алкохол и цигари, здрава исхрана, социјална активност, одржување на активноста на мозокот преку читање, пишување, учење нови вештини, практикување на хоби.

Што може да го наруши помнењето?

Постојат голем број  ризик фактори кои ја намалуваат способноста за помнење како што е пиењето одредени лекарства, хроничен алкохолизам, стрес, депресија, повреда на главата, инфекции (ХИВ, туберкулоза, сифилис, херпес…), проблеми со тироидната жлезда, инсомнија, ниски вредности на витамин Б1 и Б12. Затоа, од голема важност е доколку имате некое од овие нарушувања, да разговарате со вашиот доктор и да го ставите под контрола.

Дали со текот на годините се намалува меморијата?

Како резултат на стареењето, некои луѓе сè потешко запомнуваат одреден тип  информации, како што се имињата. Ваквото нарушување кое се јавува како резултат на прогресот на годините, а не ги нарушува секојдневните активности и обврски се смета за благо нарушување на помнењето.

Најсериозно нарушување на меморијата се вика деменција. Деменцијата предизвикува напреднато губење меморија и проблеми и со другите аспекти на размислување. Ваквите нарушувања се доволни за да влијаат во квалитетот на животот  и ги нарушуваат дневните нормални активности. Деменцијата е најчесто присутна кај лицата кои боледуваат од Алцхајмеровата болест. Алцхајмеровата болест предизвикува прогресивно губење на мозочните клетки придружено со други абнормалности на мозокот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!