Хроничната болка предизвикува депресија

Луѓето кои се соочуваат со хронична болка се соочуваат и со други потешкотии, пред сè психолошки и социјални. Лицата со хронична болка имаат зголемен ризик за депресија, која може да предизвика сериозни последици доколку не се лекува.

Луѓето кои се соочуваат со хронична болка се соочуваат и со други потешкотии, пред сè психолошки и социјални. Лицата со хронична болка имаат зголемен ризик за депресија, која може да предизвика сериозни последици доколку не се лекува.

Како да си помогнете доколку страдате од хронична болка

Од голема важност е да развиете стратегија за справување со вашата состојба. Тоа значи да вклучите тим кој ве поддржува, да си поставите јасна цел, да посветите внимание на себе, да вежбате или да практикувате други техники за релаксација. Ваквата стратегија ќе ви помогне да не мислите постојано на болката и да имате поквалитетен живот. Доколку не развиете ваков тип стратегија, болката може да влијае врз секојдневните активности, да предизвика несоница и нарушување на менталното здравје.

Хронична болка и депресија

Хроничната болка може да биде причина за депресија, но од друга страна може и да ја затскрива депресијата. Соочувањето со болка само по себе е депресивно бидејќи е болно, стресно и ве оддалечува од социјалната активност. Некои лекови кои ја намалуваат болката може да влијаат на вашата концентрација, ве прават поспани или може да предизвикуваат депресивно расположение.

Како да знаете дали навистина станува збор за депресија?

Доколку и во моментите кога не чувствувате болка вие сè уште се чувствувате нерасположено, и не сте заинтересирани за работите кои нормално ве прават среќни, доколку имате проблеми со спиењето и концентрацијата, имате намален апетит и ви се јавуваат самоубиствени мисли тогаш вие страдате од депресија.

Се смета дека депресијата е честа појава која се јавува кај еден од пет лица. Најчесто не се третира правилно бидејќи луѓето не знаат дека тоа е всушност депресија и не бараат стручна помош. Затоа од голема важност е реално да погледнете врз вашата моментална состојба и да процените дали има потреба да поразговарате за вашата состојба со стручно лице.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!