Не бидете жртви на бронзениот тен

Лекарите се едногласни - солариумите немаат свои добри страни. Според нив, зрачењето во солариум е поопасно дури од сончањето на пладне. Запомнете, солариумите се одговорни за прераното стареење и зголемен ризик од канцер на кожа!

Според едно истражување, во кое биле вклучени 4000 лица, докажано е дека лицата кои почнуваат да користат солариум пред 35-тата година го зголемуваат ризикот од малигнен меланом дури за 75 проценти.

Лекарите се едногласни – солариумите немаат свои добри страни. Според нив, зрачењето во солариум е поопасно дури од сончањето на пладне. Запомнете, солариумите се одговорни за прераното стареење и зголемен ризик од канцер на кожа!

Според едно истражување, во кое биле вклучени 4000 лица, докажано е дека лицата кои почнуваат да користат солариум пред 35-тата година го зголемуваат ризикот од малигнен меланом дури за 75 проценти.

Постои вообичаена, но погрешна претпоставка дека сончањето во солариум е здрав начин да дојдете до потемен тен. Меѓутоа, интензитетот на некои УВ зраци во солариум може да биде и до 15 пати поголем од попладневното сонце, а и самите знаете колку сончањето на пладне е опасно.

Постојаната изложеност на такви УВ зрачења ја оштетува ДНА на клетките со што се зголемува ризикот од развој на рак на кожа. Малигниот меланом, кој во голем број случаи завршува фатално, е најчестиот облик на рак кај лицата меѓу 15. и 35. година.

Само во Велика Британија годишно заболуваат повеќе од 9 000 луѓе, од кои над 1.800 умираат од оваа опасна болест. Во текот на само една деценија во Австралија бројот на солариуми се зголеми за 600 пати. Со воведувањето на законодавството во 2008 година и негативниот публицитет кон оваа индустрија, бројот на солариуми во Мелбурн во периодот од 2006 до 2009 година е намален за 51отсто.

Во 2009 година Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ) ултравиолетовите зраци ги прогласи за највисок ризик од карцином, и ги вброи во категоријата „канцерогени за луѓето“.

Штетата која УВ зраците ја прават не може веднаш да се види. Таа се акумулира со текот на времето. Секојпат кога користите солариум ѝ штетите на вашата кожа и ги зголемувате шансите за развој на тумор.

Кој не смее да користи солариум

Доколку не можете да се откажете од вештачкиот бронзен тен, сепак, важно е да знаете дека сите не се погодни за сончање во солариум. Лицата со светол тен мораат да бидат многу повнимателни од оние со потемен, а времето кое го поминувате во солариум морате внимателно да го прилагодувате.

Солариум никако не смеете да користите:

– Ако сте помлади од 16 години
– Имате осетлива и многу светла кожа
– Лесно горите на сонце
– Имате многу бенки по телото
– Сте имале канцер на кожа во минатото
– Некој во вашето семејство имал канцер на кожа
– Користите лекови кои ја зголемуваат осетливоста на УВ зраци

Правила за користење солариум

Доколку одлучите да ги игнорирате ризиците, и повторно посетувате солариум, ве молиме строго да се придржувате на следниве правила:

– Пред одење во солариум направете пилинг за да ги остраните мртвите клетки и сите нечистотии од кожата – Отстранете ја целата шминка.
– Со помош на стручни лица проценете го својот тип на кожа и потребното време за престој во солариум. Покрај видот и состојбата на вашата кожа, должината на престој во солариум зависи и од квалитетот на солариумот.
– Проверете ја хигиената во солариумот.
– Заштитете ги очите со очила наменети за сончање во солариум.
– Ако ви стане претерано жешко, ако чувствувате слабост, чешање или пецкање во некои делови од телото, веднаш прекинете со сончањето.
– Триесетина минути по сончање во солариум, истуширајте се и нанесете хидратантна крема.
– По сончање во солариум не излегувајте на сонце тој ден.
– Надополнете ги изгубените течности со вода или друг освежувачки напиток.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!