Причина за болка во долниот дел на стомакот и карлицата кај жените

Болката во долниот дел на стомакот и карлицата кај жените е честа болка и може да потекнува од повеке органи кои се сместени во долниот дел на стомакот и малата карлица. Во многу случаи тешко е да се дијагностицира потеклото на болката, но најчесто е предизвикана од уринарниот систем, цревата или репродуктивниот систем (матката, јајчниците или јајцеводите). Болката често започнува во слабините и се шири во долниот дел на стомакот-лево или десно од папокот и во препоните и може да биде со различен интензитет и времетраење.

Болката во долниот дел на стомакот и карлицата кај жените е честа болка и може да потекнува од повеке органи кои се сместени во долниот дел на стомакот и малата карлица. Во многу случаи тешко е да се дијагностицира потеклото на болката, но најчесто е предизвикана од уринарниот систем, цревата или репродуктивниот систем (матката, јајчниците или јајцеводите). Болката често започнува во слабините и се шири во долниот дел на стомакот-лево или десно од папокот и во препоните и може да биде со различен интензитет и времетраење.

Болка од уринарно потекло

Болките со потекло од  уринарниот систем, може да се причинети од воспаленија (акутни или хронични), каменчиња или песок во уринарните патишта, цисти и тумори. Воспаленијата на бубрезите, уринарните патишта и мочниот меур се придружени со зачестено или отежнато мокрење, пецкање и болка и се шират во долниот дел на стомакот и малата карлица. Честопати се пропратени и со треска, покачена телесна температура, седиментација и покачени леукоцити. Во таквите состојби битно е да се направи физикален преглед, преглед на седиментот на урината и уринокултура. Чести се инфекциите на уринарните патишта кои може да бидат со акутен или хроничен тек и се предизвикани од повеке бактерии како Escherichia coli, Pseudomonas aeruginosa, Proteus mirabilis, Streptococus, Staphiloccocus… Лекувањето е со антибиотици и некои помошни лековити средства, како и со зголемен внес на течности во организмот.

Бубрежните каменчиња и песок (mikroliti), се чести предизвикувачи на болка во долниот дел на стомакот, посебно кога ќе се придвижат од бубрежните чашки, преку уретерите кон мочниот меур. Болката е многу интензивна и неиздржлива, придружена со повраќање, виткање и честопати со инфекција.

Бубрежните тумори и цисти, туморите на мочниот меур, исто така се причина за болка во долниот дел на стомакот.

Болка од генитално потекло

Оваа болка може да се јави од повеке причини. Болките и овде може да потекнуваат од инфекции на вагината и гениталиите, посебно инфекции со Chlamidia, Trihomonas, Ureaplasma i Gonorea, кои ако не се лекуваат може да земат хроничен ток и продолжена болка во малата карлица. Доколку инфекцијата се прошири во малата карлица може да предизвика хронична инфламација (воспаление) на карличните органи пропратени со  долга и интензивна болка. Болката во малата карлица може  да ја предизвикаат и цисти на јајниците и параоваријални цисти. Доколку болката е поинтензивна за време на менструалниот циклус, причината може да биде ендометриоза, аденомиоза (матката е како сунѓер, тешко се контрахира и има обилни крварења), или предменструален синдром – поизразен кај младите девојчиња, кај кои матката сеуште не е доволно развиена. Доколку се јави интензивна и неочекувана болка, пропратена со крварње  после закаснување на месечниот циклус, секогаш треба да се има предвид и вонматерична бременост, која може да има многу акутна и драматична слика. Сите тумори на матката, грличот на матката, јајчниците и јајцеводите исто така може да бидат пропратени со јаки болки во долниот дел на стомакот.

Болка од цревно потекло

Овие болки може да се предизвикани од надразнување, инфекција, воспаленија и туморски процеси  на цревата. Улцерозниот колитис и иритабилен колон (нервозно дебело црево) се чести причинители на хронична и циклична болка во овој дел на стомакот. Инфекции со Herpes и притисок на нервите кои излегуваат од `рбетниот столб се честа причина за болка во карлицата. Туморите на цревата и на дебелото црево, секогаш треба да се земат во предвид при хронична болка во малата карлица, посебно ако се придружени со повремено крварење и темна или крвава столица. Воспаление на слепото црево исто така е пропратено со интензивна болка, посебно од десната страна на малата карлица. Секоја надразба на перитонеумот, предизвикана од инфекција или воспаление може да предизвика болка во стомакот.

Причини за хронична болка во долниот дел на стомакот може да бидат и анеуризми на аортата и други поголеми крвни садови во овој дел на стомакот и карлицата како и тромбоза.

Како се дијагностицира причината?

Поради сите овие причини, понекогаш е тешко да се одреди причината за болка во долниот дел на стомакот. Понекогаш се налага потреба од конзилијарен пристап во разрешување на потеклото на болката од гинеколог, уролог, гастроентерохеп
атолог или хирург. Потребно е да се направат повеќе иследувања како ултразвук, земање на специфични микробиолошки брисеви и ПАП тест, уринокултура, копрокултура, магнетна резонанца или компјутерска томографија и ангиографија на овој дел од стомакот и карлицата.

Третман

Причината за болката мора да се дефинира со сериозни и сеопфатни иследувања, да се одреди нејзиното потекло, бидејки само на тој начин ќе може ефикасно да се одреди  лекувањето и отстранувањето на причината за болка во стомакот и карлицата. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!