Зголемени вредности на триглицеридите

Триглицеридите се тип на масти во крвта кои телото ги користи за енергија на мускулите. Зголемените триглицериди во крвта го зголемуваат ризикот за појава на срцеви заболувања, а честопати може да биде и знак за нарушување во метаболизмот. Вредностите на триглицеридите може да го дознаете на едноставен начин преку анализа на крвта.

Триглицеридите се тип на масти во крвта кои телото ги користи за енергија на мускулите. Зголемените триглицериди во крвта го зголемуваат ризикот за појава на срцеви заболувања, а честопати може да биде и знак за нарушување во метаболизмот. Вредностите на триглицеридите може да го дознаете на едноставен начин преку анализа на крвта.

Кои се нормални вредности

Нормалните вредности на триглицеридите не треба да преминуваат над 150. Вредностите помеѓу 150 – 200 се сметаат за горна граница. Високи триглицериди се вредностите помеѓу 200 – 500, додека сè што е над 500 се смета за ризично високи вредности.

Најчесто не даваат симптоми

Високите триглицериди не даваат симптоми кај најголем дел од пациентите. Доколку нарушувањето на вредностите е резултат на генетска предиспозиција, кај пациентите се забележуваат масни наслаги наречени ксантоми. Во ретки случаи, хипертриглицеридите може да предизвикаат воспаление на панкреасот, што може да предизвика силна ненадејна болка во стомакот, гадење, повраќање и треска.

Што може да ги предизвика

Постојат низа причини што може да доведат до зголемени вредности на триглицеридите како што се дебелината, неконтролиран шеќер во крвта, болести на тироидната жлезда, болести на бубрезите, прекумерен внес на храна во однос на согорувањето на калории, прекумерен внес на алкохол. Како една од причините се наведува и земање одредени лекарства, како што се: стероиди, естроген, бета-блокатори, диуретици, таблети за контрацепција… Кај одредени пациенти, високите триглицериди се наследна болест во семејството.

Пред да земете лекарства, се препорачува природно намалување на вредностите

Првата препорака што ќе ви ја посочи матичниот лекар е да внимавате на храната и на начинот на живот, а тоа подразбира воведување на режим на храна која не содржи многу масти, надополнето со физичка активност. Она на што треба да внимавате е да го намалите и внесот на шеќер во исхраната. Намалете го внесот на алкохол бидејќи тој има значително влијание на нивото на мастите, а истото се однесува и за цигарите. Јадењето риба и суплементи богфати со омега масни киселини помага во намалувањето на мастите. За да се намалат триглицеридите се користат и лекарства, но најпрво се пробува природно да ги намалите со горенаведните совети. Лекарствата се препорачуваат кај пациентите кои имаат ризик за појава на коронарно заболување. Третманот зависи и од вредностите на холестеролот во крвта и од проценката на ризик фактори за развој на коронарно и срцево заболување.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!