Здрав `рбет и превенција на деформитети кај децата во училиште

Уште само неколку дена до почетокот на новата учебна година. Пред да ги купите новите обувки и училишниот ранец на вашето дете прочитајте ги стручните совети на д-р Маја Каличанин Марковска, ортопед во „Аџибадем Систина“. 

Уште само неколку дена до почетокот на новата учебна година. Пред да ги купите новите обувки и училишниот ранец на вашето дете прочитајте ги стручните совети на д-р Маја Каличанин Марковска, ортопед во „Аџибадем Систина“. 

Какви обувки треба да носи вашето дете

Сите деца треба да носат удобни и анатомски чевли т.е. чевлите треба да се лесни, доволно комотни, точни, со ѓон кој не е предебел и крут ( нефлексибилен), по можност со вградена анатомска влошка која дава потпора на сводот на стапалото,  со заштита во предел на глуждот и доволно цврсти. Платнените обувки се популарни во летниот период но особено не се препорачуваат кај деца кои веќе имаат некаков деформитет на стапалата. Патиките се многу популарни, особено кај поголемите деца и сега има многу производители па при нивниот избор добро е да се земат во предвид предходните препораки. Повеќето патики немаат анатомска влошка  но, таква може да се купи во специјализираните продавници за ортопедски помагала и да се користи за сите обувки на детето. Балетанките се популарни кај девојчињата заради убавиот изглед но имаат многу тенок ѓон кој не овозможува амортизација на ударите при трчање и долготрајно одење, многу се плитки и нема заштита за скочниот зглоб, а вообичаено немаат и влошка. 

Колку треба да тежи училишниот ранец

Помалите деца треба да носат ранец со две рамки, за оптеретувањето да биде рамномерно. Поголемите може да носат и ранец со една рамка но да биде со косо закопчување, со цел правилно да се распореди тежината на ранецот. Тежината на ранецот не треба да биде поголема од 10%  за малите т.е. 20% од тежината на поголемите деца.

Во каква положба треба да седат децата на училиште

Од голема важност е децата да одржуваат исправена положба на телото. Телото во однос на седечката регија треба да биде под агол од 90  степени, столчето треба да е толку високо или ниско  за да овозможи потколениците во однос на натколениците да бидат исто под агол од 90 степени. Нозете не треба да висат или да бидат премногу свиткани, работната површина на клупата треба да биде прилагодена на оваа положба на детето бидејќи прениската клупа ги приморува децата да се свиткуваат прекумерно а пак превисоката ја доведува работната површина преблиску па децата се навалуваат кон назад). 

Какви проблеми се јавуваат при неправилно седење и носење на несоодветни обувки?

Најчесто неправилното седење води до лошо држење на почетокот а потоа и до деформитет на рбетот (кифоза,сколиоза). Несоодветните обувки предизвикуваат  прекумерно оптеретување на стапалата и долните екстремитети што води до замор, болка во истите а понатаму и до деформитет. Лошата позиција  т. е лошото држење и деформитети секако дека се третираат иако најдобро е да се превенираат – да се следат  предходните препораки и добро е децата да бидат ангажирани од некаква физичка активност (пливање, атлетика, гимнастика, јога, кошарка, модерен балет… ). Лекувањето доаѓа на крај и дава најдобри резултати кога се почнува  при рана фаза на промените и додека растот и развојот сеуште не се завршени  т.е. до 16 –та година. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!