Симптоми и третман на улцеративен колитис

Улцеративниот колитис и Кроновата болест спаѓаат во групата инфламаторни болести на дигестивниот тракт. Улцеративниот колит секогаш се јавува само на дебелото црево и ректумот и го зафаќа неговиот внатрешен слој (слузокожа) каде се јавуваат воспалителни промени проследени со улцери (поголеми или помали рани во слузокожата). Според д-р Владимир Аврамовски, дигестивен хирург, за разлика од улцеративниот колити, кроновата болест може да се јави на кој било дел од дигестивниот тракт, но најчеста е на тенкото и дебелото црево и ги зафаќа внатрешните слоеви на ѕидот на цревото. Овие воспалителни болести се од хроничен карактер.

Што е улцеративен колит?

Улцерозен колит е состојба кога внатрешната обвивка на дебелото црево, која се нарекува мукоза, се воспалува и се развиваат мали внатрешни ранички. Раничките почнуваат да крвават и се создава гној и слуз.

Причини за појава на улцеративниот колит

Нема јасно дефинирана причина, но се мисли дека нарушување на имуниот одговор на организмот при воспалителни промени во лигавицата заедно со генетска предиспозиција (во еден дел на случаевите) и влијание на фактори од околината влијаат на почетокот и еволуцијата на болеста.

Симптоми на улцеративниот колит

Упорните проливи со крвави примеси кои не реагираат на вообичаеното антибиотско лекување, општа слабост, болки и грчеви во стомакот, губење во тежина се најчестите симптоми. Тие се развиваат со текот на времето, но понекогаш почетокот може да биде брз со акутно нарушување на општата состојба и да е потребно брзо животоспасувачко хируршко лекување.

Поставување дијагноза

Колоноскопијата и биопсијата е единствен начин за поставување дијагноза.

Лекување

Лекувањето на пациентот и следењето на болеста го прават специјалисти гастроентерохепатолози. Болеста е хронична па и лекувањето знае да трае долго. Покрај земањето лекови под контрола на докторот, во третманот се подразбира и едукација на пациентот, менување на животниот стил, менување на исхраната. Доколку третманот со медикаменти не ги дава саканите резултати во период од шест месеци или состојбата на пациентот се влошува, тогаш е потребно хируршко лекување. Пациентот уште на почетокот со запознавање со болеста треба да биде информиран за можноста за хируршкото лекување.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!