Дури и најобичната настинка знае да нè направи нерасположени и залепени за креветот. Организмот сè уште е навикнат на топлите денови, а надвор се менуваат сите годишни времиња во само еден ден, па во овој период од годината се и најчести настинките. Тие се резултат на намален имунолошки одговор на телото против вирусите. Дали сте знаеле дека гушкањето и смеењето може да ве направат посилни и отпорни на настинката? Прочитајте ги и практикувајте ги овие едноставни работи и зајакнете го имунитетот.
Лукот има неверојатна моќ
Бројни истражувања покажале дека лукот е бр. 1 храна која го зајакнува имунитетот. Не само што ве заштитува од настинка и грип, туку и ги олеснува симптомите доколку сте веќе настинати.
Справете се со стресот
Дали сте знаеле дека стресот на најбрз начин може да го намали имунитетот? Иако тоа е индивидуално, сепак менаџирањето на стресот преку вежбање, медитација, прошетка и дружење со пријателите може во голема мера да го одржува имунитетот на оптимално ниво.
Смеењето е најдобар лек
Смеењето на глас е најдобриот лек. Истражувањата на алтернативната медицина покажале дека смеењето на глас ви помага да го намалите стресот и го зголемува бројот на белите крвни клетки одговорни за борба со болестите. Смеењето ја подобрува и работата на срцето и на тој начин испраќа повеќе кислород на клетките.
Пеењето ги намалува стрес хормоните
Истражувањата на Канцер центрите во светот покажале дека имуниот систем бил значително подобрен кај пациентите со малигни болести кои секојдневно пееле по еден час во хор. Истражувањата покажале дека пеењето го намалува лачењето на стрес хормоните и ја зголемува активноста на имуниот систем.
Водата е извор на живот
Заборавете на благите сокови и земете чаша вода. 80% од нашето тело го сочинува вода. Не дозволувајте да дојдете во состојба на дехидратација бидејќи оваа состојба претставува стрес на организмот кој резултира со намалување на активноста на одбранбениот систем.
Повеќе пријатели, помалку настинки
Седењето дома нема да ве направи поотпорни на настинки и грип. Истражувањето на Carnegie Mellon University покажало дека луѓето што имаат многу пријатели помалку настинуваат. Големиот број на пријатели е поврзано со подобра самоконтрола и самодоверба која пак помага во поттикнувањето на здравите навики генерално.
Имајте 8-часовен сон
За значењето на добриот сон во борбата против настинките покажува и недамнешната студија на Универзитетот во Чикаго. Студијата покажала дека организмот на луѓето кои спиеле само 4 часа за само една недела создал за половина помалку антитела за разлика од луѓето кои спиеле по 8 часа.