Дали може да се пренесе болест преку плунка?

Во устата живеат стотици микроорганизми, но дали истите се пренесуваат преку плунката? Ризикот за пренесување заразни микроорганизми е многу низок бидејќи самата плунка содржи антитела и ензими кои го штитат организмот од инфекции.

Во устата живеат стотици микроорганизми, но дали истите се пренесуваат преку плунката? Ризикот за пренесување заразни микроорганизми е многу низок бидејќи самата плунка содржи антитела и ензими кои го штитат организмот од инфекции.

 

Што може да се пренесе преку плунката?

  • Риновируси
  • Грип
  • Мононуклеоза
  • Херпес тип 1
  • Стрептококи
  • Хепатит Б и Ц
  • Цитомегаловируси
  • Новите типови вирус – ебола и птичји грип
  • Вирусот на ХИВ не може да се пренесе преку плунката, но рана во устата може да биде влезна врата на инфекцијата

Начин на пренос на инфекција преку плунка

Бакнеж

Најлесниот начин за пренос на инфекција преку плунката е бакнувањето. Токму затоа и инфекцијата со вирусот на мононуклеозата уште се нарекува и болест на бакнежот. Преку бакнувањето може да се пренесат вируси на настинка и грип, иако тие најчесто се пренесуваат и преку контакт со контаминирани предмети со вирусот. Херпесот тип 1, исто така, може да се пренесе преку бакнеж. Плунката најчесто ве заштитува од пренос на бактерии, но не може да ве заштити од бактеријата MRSA, која претставува сериозна стафилококна инфекција.

Делење на четка за заби

Делењето на четката за заби со вашиот партнер е навика која е строго забранета од стоматолошките асоцијации во светот. Доколку сте заминале на пат и сте ја заборавиле вашата, веднаш купете друга. Ваквата навика е особено недозволива кај лицата со слаб имунитет. За да го намалите ризикот од пренос на инфекции во семејството, се препорачува кога сте настинати да ја тргнете настрана вашата четка за заби од четките на другите членови на семејството.

Позајмување штитник за заби

Штитникот за заби ве заштитува од повреда на забите, вилицата и зглобовите за време на спортување, а се препорачуваат и кај лицата кои чкртаат со забите во текот на ноќта.

Причината зошто не треба да се позајмува штитникот е бидејќи тој може да предизвика микротрауми во усната празнина преку кои може да навлезе инфекцијата.

Од голема важност е и да се придржувате до одредени совети при носење штитник за заби:

-Измијте ги забите пред употреба

– исчистете го штитникот секогаш кога ги миете и забите

– Чувајте го во заштитна кутија

– избегнувајте да го притискате со забите.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!