Нутриционистите го класифицираат како храна која претставува вистинска нутритивна бомба. Дали сте знаеле дека содржи повеќе од 20 витамини и минерали и состојки кои ја блокираат апсорпцијата на холестеролот во телото? Покрај тоа, содржи и антиоксиданси, кои имаат улога во превенција на малигните болести и болестите на срцето.
Авокадото содржи повеќе од 20 витамини, минерали, вклучувајќи и витамин Е, витамин Ц, фолна киселина, влакна, железо, калиум, лутеин и бета-каротен. Покрај тоа, го поттикнува организмот и овозможува полесно да ги апсорбира витаминот А, Д, Е и К. Авокадото има ниска калориска вредност и може да ви помогне во идејата да ја добиете посакуваната тежина. Направете намаз од авокадо и за почеток јадете го тоа наместо путер, мајонез и други калорични преливи и намази. Дополнително, авокадото содржи многу малку шеќери, а е богато со растителни влакна што ќе ве држат сити подолг период. Една студија покажала дека луѓето кои додале половина авокадо за ручек не биле заинтересирани за храна во наредните 4 часа.
Студијата покажала дека авокадото го намалува нивото на холестеролот?
Американска студија опфатила 50 лица со прекумерна тежина кои биле поделени во две групи, од кои едната група јадела секој ден по едно авокадо на ден. Кај лицата кои го додале авокадото во секојдневната исхрана било забележано намалување на вредностите на лошиот холестерол и триглицеридите.
Како да знаете дека е зрело?
Авокадото зрее откако ќе се обере. Бојата не мора секогаш да биде клучна во одбирањето зрело авокадо бидејќи има повеќе видови, па не значи дека авокадо со светлозелена боја е незрело. За да го забрзате зреењето најдобро е да го ставите авокадото на собна температура, до јаболко, киви или банани, кои помагаат да се забрза процесот на зреење.