Навики кои ги оштетуваат забите

Грижата за забите треба да започне од најмала возраст. Од мали децата треба да се научат да практикуваат навики кои нема да ги оштетат забите. Но, колку од нас ги практикуваат, или она што е поважно, колкумина од нас несвесно во текот на денот практикуваат навики кои се штетени за забите.

Грижата за забите треба да започне од најмала возраст. Од мали децата треба да се научат да практикуваат навики кои нема да ги оштетат забите. Но, колку од нас ги практикуваат, или она што е поважно, колкумина од нас несвесно во текот на денот практикуваат навики кои се штетени за забите.

Спорт без штитник за заби

Без разлика на спортот кој го практикувате, стоматолозите ги препорачуваат штитниците за заби кои имаат заштитна улога на забите и вилицата. Можете да ги купите или пак може да побарате да ви се изработи специјален штитник (mouth guard) кој ќе биде прилагоден на вашите заби.

Давање шише пред спиење кај бебињата

Заштитата на забите треба да почне од најмала возраст. Во таа насока, давањето на шише со млеко, сок или адаптирано млеко на бебето пред да заспие е лоша навика, бидејќи честопати бебињата знаат да заспијат со цуцлата во уста. На тој начин шеќерот останува во устата во текот на ноќта и влијае штетно на забите. 

Чкрипење со забите

Во поголем дел од случаите доколку бруксизамот не е честа појава не предизвикува сериозни компликации, но доколку веќе долго време чкрипите со забите покрај оштетувањето на забите можат да се појават и главоболки и болки во зглобовите на устата.

Гумени бонбони

Гумените бонбони се лепат на забите и остануваат на нив заедно со шеќерите кои го содржат оштетувајќи ги забите.

Отворање на предмети со заби

Отворање на  капачиња од шише, кесички со храна и слични предмети може да ги оштети и скрши вашите заби. Запомнете, забите не се средство за отворање и не треба да ви служат за тоа.

Грицкање храна

Грицкањето предизвикува помалку лачење на плунка за разлика од лачењето на плунка која се лачи за време на оброк. На тој начин храната се задржува подолго време во устата и се заглавува меѓу забите.

Цигари

Цигарите и сите продукти кои содржат никотин, може да доведат до оштетување и паѓање на забите како резултат на развој на болести на непцата. Цигарите и кафето истотака предизвикуваат боење на забите.

Џвакање коцки лед

Иако е природно и не содржи шеќер, ледот не значи дека е безопасен за вашите заби. Џвакањето на замрзнатите коцки може да ги оштети вашите заби. Ледот може да ги иритира мекото ткиво (нервите) во забите по што може да следи и забоболка. Премногу ладна или жешка храна може да предизвика брза и остра болка во забите, па затоа доколку сепак сакате нешто да џвакате, одберете гума за џвакање која не содржи шеќер.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!