6 начини да останете во топ форма без да потрошите пари

Доколку сакате да бидете во топ форма без притоа да давате пари за вежбање или на личен тренер, не плашете се. Сè што ви е потребно е малку поголема желба и неколку идеи.

Оваа листа на 6 техники за подобрување на вашата физичка состојба е составена од вежби за кои не е потребна скапа опрема.

Доколку сакате да бидете во топ форма без притоа да давате пари за вежбање или на личен тренер, не плашете се. Сè што ви е потребно е малку поголема желба и неколку идеи.

Оваа листа на 6 техники за подобрување на вашата физичка состојба е составена од вежби за кои не е потребна скапа опрема.

1. Пешачење

Пешачење барем 30 минути дневно може да ви помогне во намалувањето на вишокот килограми, да го контролирате шеќерот во крвта, како и во намалување на холестеролот и крвниот притисок. Освен тоа пешачењето позитивно влијае и врз намалување на стресот. Не можете да одвоите 30 минути од вашето време? Тогаш комбинирајте, 3 x 10 минути одење, до работното место и назад, или пешачете по работа. Инвестиција: Сè што ви треба се удобни патики за пешачење кои ги имате дома и лесна облека која зависи од годишното време.

2. Скокање со јаже

Скокањето со јаже е одлична интензивна кардиоваскуларна вежба. Со само 10 минути дневно ги обликувате сите мускули на телото, согорувате голем број калории и ја подобрувате кондицијата. Доколку имате проблеми со зглобовите, аеробик вежбите се совршени алтернатива. Инвестиција: класично, кожно или пластично јаже за скокање чини до неколку стотини денари, што е доста евтина инвестиција за така одлична физичка активност.

3. Медицинска топка

Медицинската топка, попозната како топка за вежби или пилатес топка се користи за зацврстување на стомачните мускули, грбот и колковите. Користењето на медицинската топка го подобрува и балансот на телото. Можете да ја користите и за истегнување по тренинг, но и за рехабилитација по некоја повреда. Постојат многу сајтови кои нудат бесплатни инструкции за правилно користење на медицинската топка онлајн. Инвестиција: зависно од формата и големината, цената на медицинските топки се движи од неколку стотини денари.

4. Еднорачни тегови

Теговите се одличен начин за зголемување на мускулната маса и силата. Започнете тежина која најмногу ви одговара и постепено зголемувајте го отпорот. Бидете внимателни бидејќи неправилното користење на теговите може да предизвика повреда. За да вежбате правилно ве советуваме вежбите да ги правите пред огледало, а за повеќе вежби и индивидуален режим на тренинг побарајте совет од професионален тренер.

Инвестиција: пар еднорачни тегови од неколку килограми со можност за прилагодување на тежината чинат неколку стотини денари.

5. Вежби за кондиција

Заборавете на непријатните спомени од часот за физичко и фокусирајте се на тонирање на вашето тело преку правење на едноставни вежби како што се склековите, клекнувања, истегнувања и вежби за нозе.

Инвестиција: ова е најевтиниот начин за вежбање бидејќи не ви требаат никави справи за вежбање, единствено потребна ви е удобна и спортска облека.

6. Видеа со инструкции за тренирање

Кога се работи за видео вежби, може да се најде за секого по нешто: пилатес, јога, кик-бокс па дури и танцување. Инвестиција: Купувањето ДВД со инструкции за вежбање ќе ве чини неколку стотини денари во зависност од програмата. Доколку не сакате да трошите пари, алтернатива може да најдете во YouTube фитнес видеа каде што можете да најдете бројни совети и програми за вежбање.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!