Сакатe блескава насмевка?

Секој сака да има убава и блескава насмевка. За жал, тоа не е секогаш возможно по природен пат. Современата естетска стоматологија претставува спој на современа технологија и уметност со кои се добива совршен резултат за краток временски период. Бисерната и здрава насмевка може да ви отвори многу врати, но грижата за неа треба да ја препуштите на професионалци.

Секој сака да има убава и блескава насмевка. За жал, тоа не е секогаш возможно по природен пат. Современата естетска стоматологија претставува спој на современа технологија и уметност со кои се добива совршен резултат за краток временски период. Бисерната и здрава насмевка може да ви отвори многу врати, но грижата за неа треба да ја препуштите на професионалци.

Нано композитни ламинати

Тренд во денталната пракса е неинванзивниот пристап и третман на пациентите, кој овозможува помала траума и побрзи резултати, до посакуваната насмевка. Денеска производителите на пломби ги имаат усовршено нано-композитите, така што не се забележува разлика од заб до пломба. Кандидати за овој тип интервенција се пациенти со дијастеми (простор меѓу забите), ортодонтски аномалии, скршени заби, абрадирани заби, тетрациклински заби, заби пребоени со текот на годините, итн. Позитивната страна на оваа интервенција е што се изведува брзо, безболно и ефикасно. Нано композитни ламинати важат за најбрза и најевтина стоматолошка процедура.

Порцелански ламинати

Ламинатите претставуваат тенки лушпи од керамика кои се врзуваат на предната површина на забот со цел естетски и функционално да се коригираат забите, а воедно и целата насмевка. Поставувањето ламинати се изведува со минимална обработка на површината на забот, со што не се оштетува структурата на забот. Со ламинатите се коригира бојата, местото, обликот и големината на предните заби. Поставувањето на порцелански ламинати е едноставна и брза процедура со која се коригираат недостатоците на забот. Оваа процедура претставува пресвртница во естетската стоматологија.

Коронки

Коронката е всушност „капа“ во облик на заб. Таа се поставува преку оштетениот заб и со тоа ја подобрува формата, цврстината и изгледот. Со порцеланските коронки се реконструира забот во случаи кога имате скршен заб или кога е останат само мал дел од забот. Исто така, се користат како замена за изгубен заб. Последен хит во стоматологијата се безметалните коронки и мостови, со кои естетската изработка е доведена до совршенство, а материјалот има голема биокомпактибилност. Безметалните коронки и мостови се со природна боја, голема цврстина и не создаваат алергии, што даваат совршени резултати од аспект на естетика и функција.

Белење заби

Кој не сака блескава насмевка? Постојат голем број средства за белење заби, од пастите за заби, па сè до лентите. Сепак, белењето не е за секого. Пред сѐ, оваа процедура не се препорачува за оние кои имаат болни заби и непца, па затоа, најдобро е да се консултирате со вашиот стоматолог. Системите за белеење кои се користат во стоматолошки ординации се безбедни, брзи и ефикасни. Tретманот трае 1 час, а резултатите се совршени. Ќе добиете заводлива насмевка и ќе изгледате неколку години помлади.

Корекција на Gummy smile

Gummy smile е насмевка која открива поголем дел од непцето (гингивата). Проблемот е во зголемената активност на мускулите околу устата, при што доаѓа до подигнување на горната усна. Gummy smile може да се коригира со комбинација на ботокс и современи стоматолошки техники. Ботоксот делува на мускулот, при што се намалува неговата подвижност. Како резултат на ова горната усна не се подигнува како и претходно.

Дентални импланти

Имплантите претставуваат решение за изгубени заби. Се поставуваат во горната и долната вилица на места каде, од разни причини недостасуваат еден или повеќе заби. Изработени се од високо квалитетен титаниум кој е биокомпатибилен и имаат улога на корен на забот. Имплантите се најсовремен технолошки производ во стоматологијата. Со нивно поставување се враќа функцијата и естетскиот изглед, ја чуваат структурата на лицето и го спречуваат процесот на губење на коската.

Програма Dental wellness

Со годините на забите се создава забен камен, а пушењето, кафето, црното вино не се благотворни за блескава насмевка. За да ја вратите блескавата насмевка се препорачува програмата dental wellness. Се работи за чистење на забниот камен, пескарење на тврдите забни ткива, полирање, масажа на гингивите, избелување и премачкување со заштитен слој на база на флуор. Устата е целосно освежена, а забите повторно го враќаат својот сјај.

Комплетен smile makeover

Со примена на различни методи и материјали мож
е да се направи целосна пробразба на насмевката. Се коригираат искривените, обоените и искршените заби и непцата. За успешен smile makeover, стоматологот најпрвин треба добро да го испланира третманот кој секако ќе резултира со здрава и блескава насмевка.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!