Наполнивте 50 години? Време е за колоноскопија

Сигурно во вашиот календар ги имате обележано родендените, празниците, годишнините. Но, дали ви е обележан датумот за скрининг на дебелото црево? Можеби ова не е интересно како дружбата со пријателите, но може да ви го спаси животот. Карциномот на дебелото црево е трета водечка причина за смртност. Затоа, се советува секој човек над 50 години да направи скрининг тестови, како тест за скриено крвавење и колоноскопија, за навреме да се открие болеста. Стапката на преживување на кацином од дебело црево во стадиум 1 е до 90%.

Сигурно во вашиот календар ги имате обележано родендените, празниците, годишнините. Но, дали ви е обележан датумот за скрининг на дебелото црево? Можеби ова не е интересно како дружбата со пријателите, но може да ви го спаси животот. Карциномот на дебелото црево е трета водечка причина за смртност. Затоа, се советува секој човек над 50 години да направи скрининг тестови, како тест за скриено крвавење и колоноскопија, за навреме да се открие болеста. Стапката на преживување на кацином од дебело црево во стадиум 1 е до 90%.

Од полипи до карцином на дебело црево

Основата за развој на карцином на дебелото црево се полипите на дебелото црево. За од нормална лигавица да се создаде полип на дебелото црево потребни се околу десет години. Во почетокот полипите се бенигни (не се опасни), но со тек на време добиваат потенцијал да се претворат во малигни. „Само 10% од полипите на дебелото црево имаат наследен фактор на раст, додека 90% настануваат со стимулација на локални фактори од цревната содржина и се јавуваат по педесетта година на животот. Полипите кои имаат наследен фактор се јавуваат до 40-та година од животот и се развиваат во рак кај 100% од случаите доколку не се отстранат ендоскопски или хируршки“, објаснува проф. д-р Васко Василевски.

Внимавајте!!!

Иако сè уште не се познати причините за карцином на дебелото црево, проф. д-р Васко Василевски, гастроентерохепатолог, советува како да се заштитите со овие 5 совети:

1.      Не игнорирајте ги симптомите

Кај сите пациенти не се исти симптомите за королектален карцином. Кај некои се развива анемија, кај други се манифестира со крв во столицата. „Се јавуваат и болки во левата половина на стомакот и над срамната коска во форма на грчеви. Пациентите имаат чувство на недоволна испразнетост, па се јавува потреба од повторно празнење. Типични тегоби за канцер на дебелото црево се и наизменично запек и пролив. Не  игнорирајте ги овие симптоми. Веднаш јавете се на лекар“, советува проф. д-р Васко Василевски.

2.       Имате ризик и семејна историја

Популација со највисок ризик за развој на карцином на дебелото црево се лица до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или рак на дебелото црево, а особено оние со податок за полипи или рак на дебелото црево во првото или второто колено, вклучувајќи и полусестра или полубрат. „Исклучително важно е да знаат дали близок роднина некогаш е лекуван од канцер на дебело црево или полипи. Во тој случај, со превентивни прегледи треба да почнат многу порано пред 50-тата година“.

3. Јадете здраво, вежбајте и престанете со пушење

„Во ризик фактори се и честото внесување црвено месо (свинско, јагнешко, говедско). Исто така, и зголемената телесна тежина или угоеност. Зголемувањето на индексот на телесна маса кај мажите за 30%, го зголемува ризикот за 80%, а кај  жените за 50%. Ризикот од канцер на дебело црево се зголемува и со пушењето и алкохолот, вадење на жолчното кесе, хроничен затвор“, проф. д-р Васко Василевски.

4. Не плашете се да разговарате со вашиот лекар.

Секој човек мора да биде сериозен кога е во прашање здравјето. За сè консултирајте го вашиот лекар. „Доколку забележите крв на тоалетната хартија, не претпоставувајте дека тоа е последица на хемороиди. Веднаш кажете му на вашиот лекар. Тој треба да процени за што всушност се работи“, објаснува проф. д-р Василевски.

5. Направете колоноскопија кога ќе ви препорача лекарот

Колоноскопијата е задолжителна за лицата над 50 години. Пред 50-тата се препорачува кај лица кои имаат семејна историја на болеста.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!