Превенција за подобро здравје

Врз вашето здравје влијаат неколку ризик фактори како што се возраста, наследните болести и личните навики. Возраста и наследните болести се ризик фактори кои не можете да ги контролирате и да влијаете врз нив. Но, тоа што можете да направите е да ги промените вашите лични навики и животен стил. Примерите наведени подолу се дел од чекорите кои можете да ги преземете за превенција од болести и повреди:

Врз вашето здравје влијаат неколку ризик фактори како што се возраста, наследните болести и личните навики. Возраста и наследните болести се ризик фактори кои не можете да ги контролирате и да влијаете врз нив. Но, тоа што можете да направите е да ги промените вашите лични навики и животен стил. Примерите наведени подолу се дел од чекорите кои можете да ги преземете за превенција од болести и повреди:

Здрава исхрана – кога се одлучувате каква храна ќе консумирате, треба да ги земете предвид ризик факторите по здравјето како висок крвен притисок, дијабетес, висок холестерол и срцеви болести. Генерално, исхраната треба да вклучува минимално присуство на сол и масти. Треба да биде на органска база и акцентот да биде ставен на овошје и зеленчук.

Носете го сигурносниот појас – секогаш врзувајте го сигурносниот појас во автомобилот, без разлика дали сте возач или совозач, во такси или на задните седишта. Повредите предизвикани од сообраќајни несреќи се честа причина за хендикеп и смрт кај возрасни.

Ограничете ја консумацијата на алкохол и кофеин – Внимателно со алкохолот и кофеинот во текот на денот!

Имајте безбеден секс – Користењето на презервативи од латекс можат да ве заштитат од сексуално преносливи болести. Практикувањето сексуални односи со презерватив е задолжително за секого.

Не пушете – За негативните последици од цигарите се зборува многу и на сите ни се добро познати. Живот без цигари е една од главните цели во превенцијата од болести.

Одете на редовни офталмолошки и стоматолошки прегледи – Редовни очни прегледи се еден од најдобрите начини за да го зачувате вашиот вид. Прегледот кај стоматолог, пак, е важен за здравјето на вашите заби и непца. Дополнително, многу здравствени состојби кои влијаат на целото тело имаат предупредувачки знаци кои можат да се јават во вашата уста. Стремете се да ја одржите идеалната тежина.

Најдете време за вежбање – Вежбањето е превенција за секоја болест. Генерално, 30 до 40 минути континуиран тренинг 3 до 5 пати неделно се доволни за одржување на телесната тежина. Тренинг програмата треба да започне постепено и со текот на времето да добива на интензитет. Зборувајте со вашиот физијатар за планот и програмата која одговара на вашите потреби.

Заштитете се од сонце – Избегнувајте долга изложеност на сонце и користете креми за заштита, со тоа ќе го намалите ризикот од појава на карцином на кожа. Заштитете се од бучава – Изложеноста на силна бучава е најчестата причина за губење на слухот.

Бидете свесни за безбедноста – Носете заштитна кацига кога возите велосипед и рефлективна облека кога трчате во темнина.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!