Ако на некое место морате да бидете многу искрени и да ги кажете сите свои тајни, тоа е ординацијата на вашиот доктор. Заборавете на срамот, вашиот доктор е таму за да може да ви помогне и секоја информација што ќе ја споделите со него ќе биде во ваш и негов прилог.
Не игнорирајте ги симптомите
Не заборавајте да му кажете на вашиот доктор за честите главоболки на кои не им придавате значење, но и на болката во градите додека вежбате.
Редовна терапија
Голем број од хронично болните пациенти не ја земаат редовно својата терапија, според распоредот кој им е даден. Доколку причината поради која не ги земате лековите се несаканите ефекти кои ги предизвикуваат, поразговарајте со докторот дали ќе ви предложи замена за истите.
Слатките ви се слабост
Зголемената консумација на слатки работи може да доведе до зголемување на вашата телесна тежина и на лошиот холестерол.
Информирајте го докторот за спортските активности
Можеби не вежбате секој ден, но, сепак, има начини како да бидете спортски активни и да останете во добра кондиција. Можете да пешачите, да работите во градината или да возите велосипед.
Консумација на алкохол и пушење цигари
Доколку често консумирате алкохол, морате тоа да го споделите со вашиот доктор. Сокривањето на оваа информација може да даде погрешни резултати. Иако мислите дека пушењето цигари не може да ви наштети, вашиот доктор треба да знае ако сте пушач.
Имате сексуално пренослива болест
И ова е информација која треба да ја кажете на вашиот доктор, доколку често менувате сексуални партнери и доколку практикувате сексуални односи без заштита. Оваа навика може да ве изложи на ризик од одредени болести, па можеби ќе ви се потребни дополнителни испитувања. Одредени сексуално преносливи болести бараат третман. Многу често мажите се срамат да пријават дека имаат проблем со еректилната дисфункција.