Третман на кардиоваскуларни болести со хибридни интервенции

Глобалниот тренд во медицината да - се постигне максимален ефект со минимален ризик, особено се однесува на кардиологијата, кардиохирургијата и васкуларната хирургија. Тоа подразбира пациентот да се изложи на минимален ризик, а да се постигне максимален дијагностички и терапевтски ефект. Според д-р Жарко Христовски, интервентен кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, во последните 30 години интервентната кардиологија на многу помалку агресивен начин решава проблеми кои претходно беа третирани од хирург.

Глобалниот тренд во медицината да – се постигне максимален ефект со минимален ризик, особено се однесува на кардиологијата, кардиохирургијата и васкуларната хирургија. Тоа подразбира пациентот да се изложи на минимален ризик, а да се постигне максимален дијагностички и терапевтски ефект. Според д-р Жарко Христовски, интервентен кардиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, во последните 30 години интервентната кардиологија на многу помалку агресивен начин решава проблеми кои претходно беа третирани од хирург.

Мултидициплинарен пристап при кардиоваскуларни болести

За изведување на т.н. хибридни интервенции, потребна е соработка помеѓу кардиоваскуларен хирург и интервентен кардиолог. Овој мултидисциплинарен пристап се наметнува поради пристапот, сложеноста на интервенцијата и можноста во текот на интервенцијата да се промени стратегијата, односно планираната интервентна процедура да заврши со класична хируршка интервенција

Што е хибридна сала?

Хибридната сала е специфична хируршка сала со радиолошка апаратура, која овозможува во стерилни услови да работи заедно екипа од интервентен кардиолог, анестезиолог, ехо кардиографист, кардиохирург или васкуларен хирург. Најчесто тоа се применува во т.н. комбинирани васкуларни процедури каде што еден дел од процедурата ја завршува интервентниот кардиолог, а понатаму со друг зафат продолжува хирургот. Можноста во тек на интервенцијата се еваулираат и ефектите од хируршкиот зафат, дополнително ја прави методата уште поатрактивна.

Максимална безбедност на процедурата

Одредени проблеми или компликации кои настанале во тек на хируршкиот или интервентниот третман можат во тек на процедурата директно да бидат евалуирани и коригирани (да се процени проодноста на графтовиите, функцијата на вештачките залистоци….). Co тоа се постигнува максимална безбедност на процедурата и корекција пред да се затвори оперативното поле. Ова е безбеден и идеален начин на лекување кај пациенти со покомилексен проблем. Тука спаѓаат пациенти во поодмината возраст, со комплексна патологија и кои освен срцевите проблеми, имаат и придружни болести кои претставуваат релативна или апсолутна контраиндикација за оперативен зафат.

Кои процедури се работат во хибридна сала?

Транскатетерска замена/корекција на аортен, митрален, трикуспиден и пулмомален залисток

– Транскатетерско решавање на аневрзима на аорта – торакална, абдоминална

– Комбинирана ендокардна/епикардна аблација при срцеви аритмии

– Решавање вродени срцеви маани со интервентни процедури

– Интервентни постапки при малигни заболувања

– Многу нови интервентни процедури во други заболувања кои се во фаза на клинички студии

Хибриден пристап кај кардиоваскуларни болести

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ пионерските зафати на ова поле ги направи од самиот почеток на отворањето на болницата. Кај одреден број пациенти кои имаа проблем со повеќе коронарни и периферни артерии, дополнително со болест на залистоците (многу чест случај кај пациенти во поодмината возраст), каде хируршкиот зафат носи висок ризик, успеавме со прецизно планирана стратегија да постигнеме максимален успех.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!