Болката наречена Ишијас

Сигурно сте ги слушнале постарите како велат „ме врти ишијасот“. Всушност се работи за повреда на најдолгиот нерв во организмот – ишијадичниот.

Доколку имате болки во долниот дел од грбот, болка во колкот, задната страна на натколеницата и по должината на целата нога, може да бидат најверојатен сигнал дека имате ишијас. Вообичаено овие луѓе имаат и трнење на потколеницата. Ако се работи за поголем притисок или повреда на нервот, тогаш се јавува и слабост на одредена група мускули. Многу често пациентите имаат и грчеви во потколеницата.

sistina

Причина за симптомите

Најчеста причина за појава на оваа болест е повредата на нервот дискус хернија, поточно поместување на ’рскавичниот амортизер кој се наоѓа меѓу две пршленски тела. Причина за симптомите може да биде и повреда на пршлените, нивно поместување т.н. лизгање на пршленските тела. Ишијадичниот нерв, за среќа многу поретко, страда и при повреди, изместувања или скршеници на карличната или бутната коска, како и при тумори и цисти во ’рбетниот канал. Многу ретко причина за оштетување на нервот може да биде и лошо аплицирана инјекција во бутот.

Дијагностички процедури

Дијагностиката започнува со информативен и детален разговор со пациентот за околностите под кои се јавиле тегобите и целосен опис на болката. Клиничкиот невролошки преглед го одредува нивото на повредата и степенот на оштетувањето на нервот. Дијагностичките процедури започнуваат со рендгенографија на ’рбетот, компјутеризирана томографија или магнетна резонанца на ’рбетот. Состојба на нервите, односно степенот на оштетување на нервот, како и следењето на состојбата и заздравувањето на функцијата на нервите се врши со електромиографија (ЕМГ).

Терапија

Терапијата може да се спроведе со земање лекови или во потешки случаи хируршки. Оралната терапија подразбира земање аналгетици, нестероидни антиревматици (НАС), витамини и мускулни релаксанси. Првите неколку дена од почетокот на болките се препорачува мирување и лежење на потврда подлога. Потоа се започнува со медицинска рехабилитација. Пациентите се советуваат да ги сменат навиките (долго седење и стоење, начинот на кој креваат товар) за да не се повтори оштетувањето на нервот. Кај потешките форми каде степенот на повреда на нервот е поголема и пациентите имаат посериозни проблеми (пр. со сфинктерите) третманот е хируршки.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!