9 причини зошто да се одлучите за дентални импланти

Eдна од најчестите дилеми кои ги имаат пациентите е како да ги заменат изгубените заби. Стоматолозите од „Аџибадем Систина“ ве советуваат дека најдобро решение за тоа се денталните импланти. Во продолжение ви нудиме 9 причини зошто да се одлучите за импланти.

Eдна од најчестите дилеми кои ги имаат пациентите е како да ги заменат изгубените заби. Стоматолозите од „Аџибадем Систина“ ве советуваат дека најдобро решение за тоа се денталните импланти. Во продолжение ви нудиме 9 причини зошто да се одлучите за импланти.

1. Имитираат природен заб – сите имплант системи се дизајнирани да претставуваат идеална замена за изгубен заб врз кој се изработува протетска конструкција која ќе ја врати вашата насмевка и самодоверба.

2. Трајност – денталните импланти се биокомпатибилни т.е. не се штетни за организмот. Доколку се стручно поставени, а целата процедура е тимски планирана (имплантолог, протетичар и забен техничар) и незапоставувајќи ја добрата нега и хигиена, можат да траат и цел живот.

3. Враќање на природниот облик на лицето и насмевката – доколку ви недостигаат неколку заби, контурите на лицето можат да се изменат, па вие да добиете старечки изглед. Денталните импланти се создадени за да овозможат природен облик на вашето лице и насмевка.

4. Заштита на здравата коска – празните простори во устата по губењето на еден или повеќе заби доведува до губење на волуменот на коска. Имплантите се најдобрата опција за да го зачувате истиот, а со тоа и нормалната функција и изглед на лицевиот скелет. Доколку коската е веќе изгубена, а сте одлучле да поставите импланти постои решение и за тоа.

5. Нелагодност од мобилни протези – Се избегнува носењето протези. Нема потреба за грижа дали протезата е нестабилна, или паѓа од устата па морате да користите разни лепаци за нив. Хигиената на протетските изработки на имплантите е иста како и за природните заби.

6. Зборувате лесно – имплантите функционираат како и природните заби, па нема да ви пречат при зборувањето, што не е случај со протезите.

7. Јадете ја омилената храна и уживајте во вкусовите без двоумење – со поставување импланти можете да уживате во секој вид храна, да гризнете од сочните јаболка и притоа храната да не се собира под вашите протези.

8. Имплантот не може да се расипе – добрата страна е тоа што имплантот не може да се расипе како природниот заб, но доколку не водите беспрекорна орална хигиена и редовни контроли кај стоматолог, постои опасност од развој на инфекција која го скусува животниот век на имплантите.

9. Безболно – Целта постапка на поставување на импланти е безболна и се работи во локална анестезија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!