4 состојки за здрави коски

Со желба да ги зацврстат мускулите и да направат „тоблероне“ стомачни, некои луѓе забораваат што имаат под мускулите, забораваат на коските.

Коските се потпорната структура која го држи телото исправено па затоа особено внимание треба да се обрнува на нивното здравје. Слабата густина на коската и остеопорозата се едни од најчестите здравствени проблеми со кои луѓето се соочуваат во староста. Затоа, постојано треба да се внимава на нив и преку разните активности и здравата исхрана да се одржуваат.

Со желба да ги зацврстат мускулите и да направат „тоблероне“ стомачни, некои луѓе забораваат што имаат под мускулите, забораваат на коските.

Коските се потпорната структура која го држи телото исправено па затоа особено внимание треба да се обрнува на нивното здравје. Слабата густина на коската и остеопорозата се едни од најчестите здравствени проблеми со кои луѓето се соочуваат во староста. Затоа, постојано треба да се внимава на нив и преку разните активности и здравата исхрана да се одржуваат.

Сите знаеме дека калциумот е основна состојка за здравјето на коските, но не е и единствената. Во прилог ве советуваме кои витамини и минерали играат голема улога во подобрувањето на коските и треба секојдневно да се внесуваат преку исхраната.

Калциум

Калциумот е најдобар и најздрав минерал за коските. Многумина не внесуваат доволни количини калциум во својата исхрана, особено девојките во тинејџерските години и жените над 50. Потребната количина калциум која треба да ја консумирате зависи од возраста. Еве ги потребните количини според возраста и полот:

Тинејџери – 1,300 милиграма на ден

Возрасните под 50 години – 1,000 милиграми на ден

Жените над 50 години – 1,200 милиграми на ден

Мажите над 70 години – 1,200 милиграми на ден

Калциумот го има во млечните продукти, но и во зелените салати, млекото од соја, брокулите… Но дел од истражувањата докажале дека калциумот го зголемува ризикот од срцев удар, затоа треба да се внимава како се конзумира. Внесот на калциум е многу подобар доколку се внесува преку немлечните производи. Една чаша зелени листови од копар содржи повеќе калциум од чаша млеко.

Магнезиум

Магнезиумот, исто така, е многу здрав минерал кој влијае врз густината и метаболизмот на коските. За жал, многу луѓе не консумираат доволно количество магнезиум, минерал кој е битен за повеќе од 300 хемиски реакции во организмот. Освен тоа, магнезиумот помага во контролирањето на крвниот притисок и заштитува од метаболички синдром. Најдобриот извор на магнезиум се житарките, оревите, млекото, зелените салати, морската риба итн. На возрасните им се потребни 300 – 400 милиграми магнезиум во текот на денот, додека оние над 30 години треба да консумираат нешто повеќе.

Витамин Д

Недостигот на Витамин Д стана многу честа појава. Најчесто се јавува кај повозрасните лица кои минимално се изложени на сонце. Витаминот Д работи во комбинација со калциумот. Се препорачува храна богата со Витамин Д, од типот на лосос, јајца и квасец.

Витамин К

Овој витамин е најдобар во разбивањето тромбови. Витаминот К и витаминот Д ги подобруваат коските и го зголемуваат нивото на калциум. На жените им се потребни најмалку 90 микрограми дневно, додека на мажите 120 микрограми. Главен извор на витамин К се зелените салати и брокулата.

Секојдневно консумирајте ги овие 4 состојки со цел да го подобрите целокупното здравје на вашиот скелет.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!