Шест чекори до помлад изглед

Многу често им завидуваме на оние кои изгледаат неколку години помлади од што се. Верувале или не, но со помош на современата технологија и знаењето на стручните медицински лица процесот на стареење може да се забави или одложи. Едноставно, посветете си малку повеќе време и грижа за својот изглед и времето ќе застане. Еве 6 совети од докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Многу често им завидуваме на оние кои изгледаат неколку години помлади од што се. Верувале или не, но со помош на современата технологија и знаењето на стручните медицински лица процесот на стареење може да се забави или одложи. Едноставно, посветете си малку повеќе време и грижа за својот изглед и времето ќе застане. Еве 6 совети од докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Чекор 1 – Ботокс

Botulinum Toxin е една од најпопуларните супстанци во изминатава деценија за естетски процедури. Со неговата примена се постигнува измазнување на брчките и линиите на лицето кои настануваат со текот на годините. Особена примена ботоксот наоѓа во третманот на брчките на челото, над носот, како и околу очите. Ефектите траат подолго време (до 6 месеци), а потоа третманот се повторува.

Чекор 2 – Дермални филери

Во поново време многу популарен тренд во естетските третмани се дермалните филери или пополнувачи на брчките и недостатоците на лицето. Оваа метода има цел ефективно да ве подмлади и да им даде волумен на одредени делови од лицето. Дермалните филери се користат за подмладување, измазнување и пополнување на брчките и браздите,  но и за пополнување на наборите и лузните  на лицето. Ја ревитализираат кожата, ги враќаат младешкиот изглед и свежината на кожата. Резултатот е видлив веднаш, а нивната употреба особено е успешна во делот на браздите околу носот и устата, кои успешно ги исполнуваат на подолг рок (до 12 месеци), но и за нагласување на одредени делови од лицето – усни, образи, што  е многу присутно во естетската дерматологија денес. 

Чекор 3  – PRP третман

Позитивната страна зошто луѓето го бараат овој метод е подмладувањето на природен и безбеден начин. PRP (platelet rich plasma) методата ја ревитализира кожата со примена на сопствената крв. Целосно е безбедна бидејќи се користат сопствени механизми за обновување. Како резултат на ова кожата станува цврста, еластична, посвежа, посјајна и затегната. Предноста на овој метод е тоа што резултатите се видливи веднаш по третманот, а благодарение на кумулативниот ефект, овој метод гарантира долготрајност на добиениот резултат.

Чекор 4 – Facelifting

Facelifting претставува метод при кој со помош на хирургијата ја ремоделираме кожата на лицето. Таа се подигнува, затега и подмладува во правец спротивен на гравитацијата. За да се добие комплетен и целосен резултат, можно е да се употреби и трансплатација на масти или плазма. Целосниот лифтинг може да ви одземе 10 до 15 години од возраста.

Чекор 5 – Блефаропластика

Дали изгледот на вашето лице ги издава годините кои ги имате, а скапата и квалитетна шминка не е моќна да го сокрие уморот па време е да ја вратите свежината? Блефаропластиката претставува корективен оперативен зафат на долните и горни очни капаци. Ова е релативно едноставна хируршка процедура со која ќе добиете нов, поубав изглед на лицето, но и ќе ги отстраните функционалните проблеми што настануваат со паѓање на горните капаци и предизвикуваат подочници под очите. По изведување на блефаропластиката очите се поизразени, па нивната убавина доаѓа до израз.

Чекор 6 – Абдоминопластика

Со абдоминопластика се отстранува вишокот кожа, која е растегната, спуштена и „прошарана“ со стрии, но се редуцира поткожното масно ткиво и се затегнуваат стомачните мускули. Резот се прави на дискретни места кои се покриваат со костумот за капење. На овој оперативен зафат најчесто се решаваат жени по породување кои решиле повеќе да не раѓаат, лицата кои изгубиле многу на тежина или со лош распоред на масното ткиво со локализирана угоеност (дебелина). 

 

 

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!