Фрактури на карлица

Карлицата е прстенеста коскена структура составена од две крила. Основна улога е да ги заштити органите кои се сместени во неа. Тука спаѓаат дисталните органи на дигестивниот и генитоуринарниот тракт, како и крвните садови и нервните стебла кои се сместени во неа. Проф. д-р Јордан Савески, трауматолог, објаснува покрај заштитната улога, карлицата има и многу важна улога во пренесување на силите на оптоварување и држење на `рбетниот столб во исправена и седечка позиција.

Карлицата е прстенеста коскена структура составена од две крила. Основна улога е да ги заштити органите кои се сместени во неа. Тука спаѓаат дисталните органи на дигестивниот и генитоуринарниот тракт, како и крвните садови и нервните стебла кои се сместени во неа. Проф. д-р Јордан Савески, трауматолог, објаснува покрај заштитната улога, карлицата има и многу важна улога во пренесување на силите на оптоварување и држење на `рбетниот столб во исправена и седечка позиција.

Што е карлица?

Карлицата е прстенеста структура составена од две карлични крила кои позади се поврзани со сакрумот (крстна коска) во сакроилијчните зглобови, а напред со симфизата. Карличните крила (лево и десно) по пат на фузија се формираат од три коски: илијачна, ишијадична и пубична. Коскените структури меѓу себе се поврзани со јаки лигаменти позади и напред формирајќи ја најцврстата коскено-лигаментарна структура кај човекот која обезбедува стабилност и пренесување на силите на оптоварување од ‘рбетниот столб на долните екстремитети и обратно.

Фрактура како последица на јака сила

Фрактурите на карличниот прстен претставуваат тежок хируршки проблем, со висок процент на морбидитет и морталитет. „Раскинување на карличниот прстен настанува под дејство на јака сила, како сообраќајна траума, пад од висина, потиснување од трактор или приколка. Карличните фрактури се последица на дејство на силите на карличниот прстен, и тоа: предно задна компресија, странична компресија на карличното крило и расцеп по вертикална насока“, објаснува проф. д-р Савески.

Како се дијагностицираат?

Фрактурите на карлицата се дијагностицираат по строго дефинирана постапка која вклучува: клиничка процена и преглед, рендгенолошка процена и компјутерска томографија. Клиничка проценка: хирургот прво треба темелно да ја процени општата состојба на повредениот, да обезбеди дишни патишта, дишење, циркулација, а понатаму следи внимателен преглед на карличниот прстен со прецизен физикален преглед од кој се добива информација за стабилноста на прстенот. Исто така, мора да се регистрираат сите рани околу карлицата, дали има крвавење од мочните патишта, скротумот, аналниот отвор, како и вагината кај жените. Најголеми шанси за преживување на пациентот се постигнуваат кога третманот е мултидисциплинарен од повеќе специјалисти. Рендгенолошка проценка: Откако пациентот ќе се стабилизира следува рендгенолошка процена, и тоа: предно задна проекција, како и коси снимки на карличниот прстен. На крај следува компјутерска томографија на фрактурата. На ваков начин хирургот го одредува понатамошниот третман.

Лекување со хируршки третман

Според проф. д-р Јордан Савески, приоритет во третманот кај овие пациенти имаат повредите кои го загрозуваат неговиот живот. Точно дефинираниот дијагностичко-терапевтски протокол на политрауматизираните со фрактура на карличниот прстен е вовед за успешно преживување на повредениот. Се лекува со надворешна фиксација, а подоцна по стабилизација на пациентот се прави хируршка интервенција со која се фиксира карлицата со помош на импланти. Последните години овие интервенции се изведуваат со минимално инванзивна перкутана техника која дава најдобри резултати.

Современ третман на повреди на карлица

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со опрема и едуциран кадар за брза и прецизна дијагноза, како и современ хируршки третман. Досегашната фрекфенција на ваквите повреди, широката лепеза на хируршки интервенции со одлични резултати, како и мултидисциплинарниот пристап, ја издвои „Аџибадем Систина“ како референтен центар во земјава и регионот во третман на пациенти со повреди на карлица.

 

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!