20 часот е а вие ги гледате долго очекуваните натпревари од Светското првенство во фудбал. Вашите црева почнуваат да кркорат и ве фаќа глад. Во дилема сте дали да го отворите мега зачинетиот чипс или чоколадниот сладолед.
Со ваквите оброци морате да бидете многу внимателни. Овој оброк доцна во ноќта може да го наруши вашиот деноноќен ритам и да ги зголеми шансите за дебелеење. Да бидеме попрецизни, јадењето во ваквите термини од денот ги збунува органите и метаболизмот.
Сепак, најдоброто нешто што можете да го направите е да го избегнете оброкот во доцните часови. Доколку не можете, размислувајте разумно. Постои супер храна која ќе можете да ја грицкате додека го гледате вашиот омилен фудбалски натпревар.
1. Пуканки наместо чипс
Пуканките се солени и крцкави и целосно можат да го заменат чипсот. Можете да јадете пуканки без притоа да внимавате колку калории внесувате. Едно мало ќесе пуканки содржи околу 100 калории, но уште подобро е што во меѓувреме внесувате и антиоксиданси и диетални влакна. Подгответе ги пуканките единствено со сол и масло, а избегнувајте да додавате путер или шеќер.
2. Заменете го сладоледот со замрзнат путер од кикирики
Често се случува „да ви падне шеќерот“ во доцните часови. Многумина би посегнале по две – три големи полни лажици сладолед. Подобра опција е двете лажици да ги наполните со замрзнат путер од кикирики. Путерот од кикирики претходно го замрзнувате со цел побавно да јадете, а со тоа и подолго да уживате во неговиот вкус.
3. Темно VS млечно чоколадо
Чоколадото содржи премногу калории, па затоа не се препорачува во доцните вечерни часови. Монструозното млечно чоколадо, преполно со шеќери и масти, заменете го со темно чоколадо. Темното чоколадо исто така содржи калории, но не во толкава мера. Покрај тоа, го намалува стресот. Доколку имате проблеми со заспивањето, темното чоколадо ќе ви биде добредојдено. Внимавајте во колкави количини го консумирајте!