Вратете се во топ форма, почнете да трчате

Неколку совети за правилно и здраво трчање

Трчањето е наједноставна и најекономична физичка активност со која без гладување ќе ослабете здраво и ќе го затегнете вашето тело. Покрај ова ќе ви годи и престојот во природа на свеж ваздух и на пролетното сонце. Ако подолго време не сте биле физички активни, мора да се подготвите за дополнителниот физички напор. Систина плус ви нуди корисни совети за правилно трчање и џогирање. 

Неколку совети за правилно и здраво трчање

Трчањето е наједноставна и најекономична физичка активност со која без гладување ќе ослабете здраво и ќе го затегнете вашето тело. Покрај ова ќе ви годи и престојот во природа на свеж ваздух и на пролетното сонце. Ако подолго време не сте биле физички активни, мора да се подготвите за дополнителниот физички напор. Систина плус ви нуди корисни совети за правилно трчање и џогирање. 

Пролетта е пред нас. Доаѓаат сончевите денови. Облеката е полесна, но видливи стануваат вишокот килограми кои сме ги „заработиле“ во текот на зимата. Време е да тргнете во акција. Најдобар начин повторно да се вратите во форма и да го разбудите вашето тело е трчањето. Со оваа спортска активност ќе ги стопите килограмите, ќе го затегнете вашето тело и ќе се чувствувате среќни и полни со енергија. Покрај ова ќе ви годи и престојот во природа на пролетното сонце. Докажано е дека трчањето делува позитивно и на нашата психа бидејќи за време на тренингот се лачи хормонот на среќа. Но како за секоја физичка активност така и за трчањето потребно ви е прво да се подготвите. Ова особено важи за оние кои подолго време не биле физички активни.

ЗАГРЕВАЊЕ НА МУСКУЛИТЕ ПРЕД ТРЧАЊЕ

Со трчање ги оптоваруваме зглобовите и долниот дел на телото. Затоа пред да почнете со физичка активност треба да го подготвите телото со загревање. Прво загрејте ги мускулите со полесни вежби. Следниот чекор е да ги истегнете мускулите. Ова е особено важно за да ги избегнете болните грчеви и повреди додека трчате.

ОДБЕРЕТЕ СИ ТЕМПО

Кога ќе почнете со трчање прво треба да ја проверите вашата кондиција. Ако во првите десетина метри останавте без здив, тоа значи дека треба да ја совладате техниката на дишење. За да го намалите напорот потребно е да вдишете преку нос, а да издишете низ уста. Додека не влезете во кондиција трчањето комбинирајте го со брзо одење, и постепено зголемувајте го времето на трчање. Ако тренирате три до петпати неделно, за еден месец ќе можете да трчате 30 минути без проблеми.

ТЕХНИКИ НА ПРАВИЛНО ТРЧАЊЕ

Потребно е да ја научите техниката на правилно трчање. Секогаш трчајте прсти петица. Додека трчате горниот дел од телото треба да го држите исправено, а погледот да ви биде насочен неколку метри пред вас. Рацете треба да ви се благо свиени во лактите и опуштено да се движат крај телото.

ТРЧАЈТЕ ВО ПРИРОДА

За трчање секогаш одберете места со зеленило одалечени од градскиот смог. Кога сме спортски активни дишењето се забрзува поради поголемата потреба од кислород. Ако воздухот е загаден, во белите дробови влегува поголема количина штетни честички кои го загадуваат воздухот.

ОСЛАБЕТЕ ЗДРАВО

Лицата кои редовно трчаат по три месеци може да заборават на диета. Еднa од придобивките кои можете да ги добиете со трчање е да го изгубите вишокот килограми. Додека трчате процентот на ензими кои ги разградуваат мастите се зголемува од 10 на 80 проценти. Но треба да знаете дека на почетокот нема да ослабете зошто новото мускулно ткиво е потешко од масните наслаги. Исто така трчањето ја намалува потребата за благо бидејќи го намалува нивото на инсулин во крвта. Но, сепак, не заборавајте на телото да му обезбедите доволно енергија. Неопходни се минерали и белковини зошто му овозможуваат на организмот нормално да функционира. Секој ден конзумирајте компир, житарки, банани, суво и јаткасто овошје и јогурт. Редовно земајте витамин Ц и пијте многу вода. Додека трчате важно е да пиете мали голтки вода, без разлика дали сте жедни, зошто кога ќе осетите жед тоа значи дека сте дехидрирале.

ОПРЕМА ЗА ТРЧАЊЕ

За да се чувствувате удобно додека трчате важно е да одберете соодветна опрема. Облеката треба да ја пропушта потта и да му овозможи на телото да „дише“. Ако не носите соодветни патики додека трчате, ризикувате да се повредите. Секој пат кога стапалото го допира тлото сите зглобови, колена и грбот се подложни на оптоварување кое е дури за 3 -4 пати поголемо од вашата тежина. Квалитетните патиките го амортизираат овој удар. Систина плус ви дава неколку предлози од светскиот производител за спортска опрема „Ли нинг“.
 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!