Тренд, каприц или зависност тивкиот убиец, не само што предизвикува штета на оние кои директно го консумираат туку и на оние кои случајно или неслучајно се нашле во близина на пушач. Митот за пасивното пушење сепак е повеќе од мит. „Долготрајната изложеност на чад од цигари го зголемува ризикот од појава на карцином на белите дробови, па така непушач кој живее со пушач има 20-30% повеќе шанси да заболи од овој карцином. Пасивното пушење неповолно влијае на срцето и го зголемува ризикот од појава на коронарна срцева болест за 25-40%. Штетноста на чадот од цигарите произлегува од тоа што тој содржи 7000 хемиски соединенија, a 69 од нив се докажани канцерогени соединенија” вели д-р Оливер Јовковски, специјалист по пулмоалергологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.
Вообичаено е, во секое друштво да има пушачи и непушачи дружењето, со своето трпение и со алиштата засмрдени од чад главно го плаќаа непушачите. Денес обратно, пушачите мрзнат пред локалите. Но, насолзените очи од чад и облеката која од кафуле влегува директно во машина за перење можеби е најмалиот проблем. Во воздухот лебди главното прашање колку навистина пасивното пушење е штетно по здравјето на непушачите?
„Долготрајната изложеност на чад од цигари го зголемува ризикот од појава на карцином на белите дробови, па така непушач кој живее со пушач има 20-30% повеќе шанси да заболи од овој карцином. Пасивното пушење неповолно влијае на срцето и го зголемува ризикот од појава на коронарна срцева болест за 25-40%. Штетноста на чадот од цигарите произлегува од тоа што тој содржи 7000 хемиски соединенија, a 69 од нив се докажани канцерогени соединенија” вели д-р Оливер Јовковски, специјалист по пулмоалергологија во приватната клиника „Аџибадем Систина”. Ако на ова ја додадеме статистиката на Светската здравствена организација, дека годишно во светот како последица на здравствени проблеми предизвикани од пасивно пушење умираат околу 600.000 илјади лица, додека од директна изложеност на цигари умираат 5 милиони лица, тогаш доаѓаме до заклучок дека пасивното пушење и не е така безопасно како што изгледа. Д-р Оливер објаснува дека ризикот за појава на одредени заболувања е голем кај луѓето кои се изложени на чадот од цигари поради тоа што од работ на цигарата која согорува се ослободува чад кој е потоксичен од чадот кој го вдишуваат пушачите. Особено е опасен кога ќе отстои и ќе се наталожи во место каде што се консумираат цигарите. Да бидам искрена се додека не добив потврда од специјалист пулмолог, не верував дека седењето во просторија со пушачи може да го загрози здравјето на непушачите.
Сепак докторите во пракса среќаваат луѓе кои професионално или приватно се поизложени на чад од цигари и кои заболуваат од одредени белодробни болести кои се поврзани со консумирање на цигари. За нација во која 40% од населението пуши, a господата во бели мантили кои директно се засегнати и запознаени со последиците кои ги носи горчливиот порок заземаат неверојатни 30%, скоро е невозможно да се избегне моментот целосна изолација од пушачите. Просечно во друштво од пет лица, тројца се пушачи. „Пушењето е болест на зависност и иако повеќето луѓе се запознаени со опасноста од пушењето, сепак не знаат да се справат со овој проблем. Медицинските лица не се исклучок и иако се поедуцирани од општата популација, мал број од нив имале прилика директно да се запознаат со ефектите и компликациите кои се предизвикани од болестите поврзани со пушењето. Од моето искуство ретко кое медицинско лице кога ќе заболи од некое респираторно заболување прифаќа дека е навистина предизвикано од ефектите на пушењето.10% од луѓето кои пушеле цел живот заболуваат од карцином на белите дробови.
Оваа бројка не делува толку сериозно, но тука мораме да ја додадеме и големата бројка на луѓе кои заболуваат и умираат како последица на кардиоваскуларни заболувања кои се директно поврзани со ефектите на пушењето. Ќе споменам една илустративна бројка во САД е пресметано дека очекуваното преживување кај пушач е 14 години пократко отколку она кај непушач,” вели д-р Оливер.
Борбата против пушењето во светот се засилува, дури и самите производители на цигари воведуваат забрана за пушење во своите простории. „Рејнолдс Американ”, производител на познатиот бренд „Камел” забранува пушење во производните погони, рестораните и фитнес центрите. Француските власти одамна не дозволуваат пушење во кафулињата и рестораните, а во Норвешка целосно е забрането пушењето во автомобил.
Она што најмногу загрижува е фактот како цигарите влијаат на децата и бремените жени. „ Изложеноста на чад од цигари е особено штетно кај бремените жени и не постои безбедна бројка на цигари кои можат да се консумираат во текот на бременоста. Пушењето е поврзано со зголемен ризик од спонтан абортус, ниска родилна тежина и потешкотии со развој на новороденчето” вели д-р Оливер. Ова се должи на фактот што пушењето без разлика дали активно или пасивно го намалува количеството на кислород и хранливи состојки кои доаѓаат до бебето преку плацентата. Според истражувањата бебето може да биде со помал мозок, помала глава или целосно помала тежина. „Синдромот на ненадејна смрт на доенчето е исто така позастапен кај оние доенчиња чии мајки пушеле, односно биле изложени на чад од цигари за време на бременоста”, објаснува д-р Оливер. Всушност, кога експертите го измериле нивото на никотин во белите дробови на деца кои починале на ваков начин, утврдиле дека тоа е многу повисоко кај деца кои пасивно го вдишуваат чадот од цигарите.
Ризикот од ваква смрт е за два пати поголем кај деца чии мајки се пушачи. Исто така, изложувањето на чад може да предизвика зголемување на течноста во средното уво, па затоа децата на пушачите се почесто хоспитализирани поради ушни инфекции. Постојаните инфекции на средното уво можат да доведат до трајно губење на слухот. Проблем со кој се соочуваат децата кои живеат со пушачи е ризикот од развој на астма, инфекција на белите дробови и склоност кон ангина. Во моментов во глава ми се вртат две сцени едната како пред неколку недели седам на шанк во еден локал во Миконос, пијам коктел и слободно палам цигара (неверојатно чувство на слобода и задоволство). Другата, стара 10-тина години, кога после секое излегување во диско се враќав дома со мигрена предизвикана од чадот од цигари.
Извор – Unique