Внимавајте на ’рбетот

Она што ги одделува овие повреди од другите се тешките, често и трајни последици кои ги оставаат, како директно врз физичкото и психичкото здравје на повредениот така и врз неговото семејство и општеството во целина. Процесот на рехабилитација е долг, исцрпувачки, многу често и обесхрабрувачки, бара мобилизација на броен медицински персонал и активно учество на семејството поради намалениот квалитет на живот на повредениот и зависноста од туѓа помош и нега.

Она што ги одделува овие повреди од другите се тешките, често и трајни последици кои ги оставаат, како директно врз физичкото и психичкото здравје на повредениот така и врз неговото семејство и општеството во целина. Процесот на рехабилитација е долг, исцрпувачки, многу често и обесхрабрувачки, бара мобилизација на броен медицински персонал и активно учество на семејството поради намалениот квалитет на живот на повредениот и зависноста од туѓа помош и нега.

     ‘Рбетот како коскено-лигаментарна структура претставува главна оска на телото, но и главен заштитник на ‘рбетниот мозок, кој е сместен во ‘рбетниот канал. ‘Рбетниот мозок е сноп од нервно ткиво, продолжеток на големиот мозок, чија функција е пренесување на сигналите од мозокот до телото и обратно.

       При повреда (сообраќајни несреќи, пад од висина, скокови на глава…) страдаат коскените делови при што настануваат фрактури, но страдаат и лигаментите при што се нарушува стабилноста на ‘рбетот, а во најлошото сценарио настанува повреда на ‘рбетниот мозок со катастрофални последици – парализа на екстремитетите и загуба на сензибилитетот ( можноста за чувствителност ).

Совети кои ќе ви помогнат  да спречите повреда на ‘рбетот:

  1. Кога сте учесник во сообраќајот секогаш врзувајте го безбедносниот појас, не ја надминувајте дозволената брзина и почитувајте ги сообраќајните правила.
  2. Не се изложувајте на ризик качувајќи се на дрва, покриви, градежни објекти без задолжителната заштитна опрема.
  3. Скокањето во вода на глава, посебно во плитко, сметајте го за АПСОЛУТНО ЗАБРАНЕТО, без оглед на тоа колку верувате во вашите пливачки и нуркачки вештини.

Во случај на повреда на ’рбетот, веднаш побарајте лекарска помош !!

        Во случај да се најдете во ситуација кога вие или некој во вашата непосредна околина има суспектна повреда на ‘рбетот, пробајте да ја избегнете паниката и да се потсетите на следните правила:

  1. Повредата на ‘рбетот се смета дека постои сé додека квалификувано медицинско лице со клинички преглед и дијагностички методи ( рендгенографија, компјутерска томографија, магнетна резонанца ) не ја исклучи.
  2. Не се обидувајте да ја промените положбата на телото сé додека на местото на настанот нема медицинска екипа. Исклучок од ова правило се ситуации во кои повредениот има изгубено свест, а неговите дишни патишта се непроодни или морате да спроведете постапка на срцево-белодробно оживување. Во случаи кога повредениот е во несвест, но, сепак, спонтано дише, морате со најголемо внимание да го свртите во странична положба (потребни се најмалку две до три лица) за да спречите аспирација на крв или желудечна содржина во дишните патишта. КАКВО БИЛО НАГЛО ПРИДВИЖУВАЊЕ НА ВРАТОТ КОН НАПРЕД, НАЗАД ИЛИ СТРАНИЧНО Е ЗАБРАНЕТО!!! Ваквите движења можат да доведат до катастрофални последици.
  3. Медицинската екипа има должност пред транспортот да го имобилизира ‘рбетот користејќи тврд околувратник и спинална штица или со импровизирани средства за имобилизација – вреќички со песок, дрвена штица…При транспортот е задолжително следење и одржување на виталните функции на повредениот ( прооден дишен пат, дишење, крвен притисок, циркулација ).

Дијагнозата ја поставува општ хирург, трауматолог или неврохирург

     Кога повредениот ќе биде безбедно транспортиран до здравствена установа, следува детален клинички преглед, со посебен акцент на невролошкиот статус. Во наши услови, зависно од екипираноста на здравствената институција, тоа го прави општ хирург, травматолог или неврохирург. Отстранувањето на имобилизацијата смее да ја направи само медицинско лице кое има искуство во третманот на спиналните повреди.

     По клиничкиот преглед (општ преглед за дијагностицирање на евентуално присутните придружни повреди), проследен со детален невролошки преглед, следува рендгенолошка визуелизација на повредата. Се почнува со рендген снимка, по што одговорниот лекар проценува дали има потреба од понатамошни иследувања. Најчесто за подетална процена на повредата се користат CT (компјутеризирана томографија) или MRI (магнетна резонанца).

Видови третмани при повреди на ’рбетот

     По завршувањето на овие иследу
вања, хирургот најчесто ќе се обиде да ви ја објасни природата на повредата и да го избере адекватниот третман. Иако ставовите често се менуваат, сепак, постојат одредени правила според кои се избира третманот.         Ако хирургот процени дека фрактурата е стабилна, а пациентот нема невролошки отстапувања (нема нарушување на движењата во смисла на мускулна слабост или парализа, сензибилитетот е зачуван, уринарниот и аналниот сфинктер се со уредна функција), третманот на повредата е конзервативен (нехируршки) и подразбира мирување, обезболување и имобилизација – различни видови на околувратници или корсети. По неколку дена, зависно од степенот на болка и евентуалните други повреди, лекувањето продолжува во домашни услови уште неколку недели. Потоа продолжува со рехабилитација во специјализирани здравствени установи.

     Нестабилните фрактури и повредите кои се проследени со невролошки нарушувања се третираат хируршки. Зависно од видот на фрактурата и невролошкиот статус се одлучува кој хируршки пристап е неопходен.

Современ третман во лекувањето на повредите на ’рбетот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

     Во време на епидемија на малигни болести, продолжување на животниот век и остеопорозата сé почести се и патолошките фрактури на ‘рбетот. Секојдневно расте бројот на пациенти кои имаат потреба од хируршки третман на ваквите фрактури. Со хируршкиот третман се подобрува квалитетот на живот ….

     Клиничката болница „Аџибадем-Систина“ располага со софистицирана опрема за дијагностика и третман и на најсуптилните повреди на ‘рбетот и на ‘рбетниот мозок. Хируршкиот тим има долгогодишно искуство за изведба на сите видови хируршки зафати за решавање на сите видови на т.н. спинална патологија (анатомска репозиција и фиксација на ‘рбетот, по потреба со декомпресија на ‘рбетниот мозок и нервните елементи, минимално инванзивни процедури). 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!