Очилата за сонце се задолжителни во лето

Последиците од претерано изложување на очите на силното летно сонце се појавуваат многу години потоа и затоа на очите треба секогаш да мислиме. Интензивното изложување на сончевите зраци може да доведе до изгореници на очите (конјуктива) и рожницата, кои од топлината можат да се исушат, да почнат да се лупат и силно да болат. Во такви околности окото е во грч и не може да се отвори.

sistina

Таквата состојба, за среќа, со мирување и капки за очи поминува за ден-два. Но, сончевите зраци можат неповратно да ја оштетат внатрешноста на очите, леќата и очната позадина. За тоа не сме свесни бидејќи оштетувањата во внатрешноста на окото не доведуваат до болка. 

Затоа е неопходно при изложеност на силното летно сонце очите да бидат заштитени со очила за сонце. Единствениот услов кои тие мора да го задоволуваат е стаклата да имаат филтер кој не ги пропушта штетните UV-зраци. Сето останато е прашање на избор, вкус и материјални можности.
 
Како на возрасните така и на  децата им се потребни очила за сонце со заштитен UV филтер. Затоа немојте на децата да им купувате пластични и темни очила без филтер бидејќи поради затемнувањето зеницата се шири да улови повеќе светлост, а со тоа всушност ја отвора „вратата“ за штетните сончеви зраци.

При купување очила за сонце потребно е да побарате декларација во која производителот ги наведува карактеристиките на стаклото и го гарантира квалитетот на производот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!