Појадокот, најважен оброк!

Слободно можеме да кажеме дека појадокот е најважниот оброк и претставува предуслов за добар почеток на денот. Правилниот и добро избалансиран појадок може да придонесе и за подобри резултати во работењето. За таа цел важноста на појадокот треба почесто да се спомнува, а најмногу затоа што повеќе од 50% од луѓето воопшто не појадуваат.

Кога се прескокнува појадокот, најчесто следи умор во текот на останатиот дел од денот, како и недостиг на енергија за правилно функционирање на телото и мозокот.

sistina

Најчесто луѓето кои го прескокнуваат појадокот наместо да јадат, пијат кафе, пушат цигари или земаат нешто благо. Овие работи можат за кратко да ве држат сити, но, сепак, не се паметен избор. Обично неправилниот појадок со себе повлекува и прејадување за време на ручекот, што исто така не е паметна опција.

Прескокнувањето на појадокот може да биде погрешна стратегија кога сакате да ослабете. Многу луѓе сметаат дека полесно ќе загубат некој килограм доколку ги прескокнуваат оброците. Напротив, на телото му е потребна енергија повеќепати во текот на денот започнувајќи со појадокот. Всушност, правилниот и редовен појадок е добар избор доколку сакате да ослабете и луѓето кои имаат редовен и здрав појадок имаат поголеми шанси да ослабат.

Што да појадувате?

Доколку го земеме предвид фактот дека појадокот е најважниот оброк, тоа значи дека редовниот појадок е важна навика.

Добриот појадок вклучува:

– Млечни производи, како добар извор на протеини и калциум

– Интегрални печива или снегулки, како извор на комплексни јаглехидрати

– Овошје, како извор на диетални влакна, витамини и минерали

Најчест изговор на луѓето кои не појадуваат или не консумираат здрав појадок е немањето доволно време за неговата подготовка поради брзањето за на работа. Меѓутоа, здравиот и квалитетен појадок можете да го подготвите за само неколку минути.

– Житарките во комбинација со ферментирани млечни производи се одличен избор. Изберете пченкарни, овесни или пченични снегулки и прелијте ги со обезмастено млеко или ферментиран млечен производ.

– Доколку сакате покалоричен оброк, одберете мусли кои содржат овошје, јаткасти плодови, чоколадо или мед. И овие можете да ги прелиете со јогурт или млеко со повеќе масленост.

– Добар избор може да биде и некое интегрално печиво со немасно сирење, шунка и зеленчук по избор. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!