Заборавете на трчањето до аптека и виткањето во кревет кога ќе дојде периодот на ПМС и менструалните грчеви. Добра мешавина на чаеви може да биде најдобриот спасител. Меѓу билките кои се употребуваат за овие проблеми обично се нането, камилицата, жалфија, оригано, зелен чај, листови од малина, ѓумбир, босилек, цимет, коприва, луцерка…
За лесни болки
Доколку немате проблеми со желудникот можете да пиете чај од нане или чај од листовите од малина, оригано или ѓумбир. Се препорачува од една до две шолји дневно. Кога ќе ви здодеат обидете се со чаша топло млеко помешано со пола лажичка цимет или мускатно оревче – наутро и навечер. Често земајте течности, ставајте топли облоги на стомакот, направете топла релаксирачка купка, вежбајте редовно и избегнувајте масна храна.
Мешавина за јаки болки и симптоми
Измешајте ¼ шолја (од 200 мл) суви листови од коприва и луцерка, пола шолја листови од малина и бисерок (моминска наметка која е вид на билка која е најдобра за менструалните болки) и шолја листови мента. Оваа мешавина на билки чувајте ја во голем, добро затворен стаклен сад. Чајот приготвувајте го така што ќе земате по една лажичка од мешавината и ќе ја прелиете со врела вода и ќе оставите да стои 5 минути. Потоа процедете го и пијте го топол или ладен. Можете да си направите и поголема количина па да го пиете во текот на денот.
Циститис
Ова заболување е често кај жените кои се во средни години и затоа не би било лошо во домашната аптека да поседувате исушена свила од пченка, лист од бреза, исушени боровинки. Од секоја билка земете по 30 грама. Ова мешавина се става во пола литар ладна вода да поседи четири часа, по тоа 5 минути да зоврие и кога ќе олади исцедете и пијте три шолји пред јадење.