Супер храна за подобро расположение

Подобрете го вашето расположение, енергија и концентрација со оваа научно докажана суперхрана

Јаболко

Јаболкото содржи флавоноид кверцетин, антиоксидант кој има улога на антихистамин и ги спречува супстанците кои предизвикуваат алергии. Секогаш јадете ја и кората на јаболкото, таму се наоѓа најголемиот дел од кверцетинот. Покрај ова, оваа состојка игра огромна улога во превенцијата од формирање тумори, разни видови карциноми, срцеви заболувања и разни воспаленија.

Орев

Оревот е еден од најбогатите извори на серотонин. Оваа хемиска состојка помага во креирањето на чувството на смиреност и радост. Најновите истражувања велат дека серотонинот можеме да го впиваме директно од храната во организмот. Консумирајте 30 грама микс од лешници, ореви и бадеми дневно, верувајте дека ќе се чувствувате посреќно.

Бобинки

Овие супер моќни овошја помагаат во одложувањето на процесот на стареење на мозокот. Тие содржат антоцијани, антиоксиданти кои им ја даваат специфичната нијанса на бојата на бобонките и помагаат во процесот на блокирање на ензимите кои ја спречуваат нормалната комуникација меѓу мозочните клетки.

Школки

Школките се добар извор на витамин Б12, витамин кој е битен за функцијата на мозокот. Докажано е дека овој витамин ги намалува когнитивните проблеми. Доколку школките не се ваш тип на храна, извлечете го витаминот Б12 од лососот, туната или ракчињата.

Магдонос

Никогаш не избегнувајте го гарнирот. Магдоносот, свеж или исушен, е добар извор на витамин К, кој е многу битен за правилниот проток на крв низ крвните садови. Витаминот К помага во намалувањето на воспаленијата и ги зајакнува коските со што помага во превенцијата од остеопороза.  

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!