Оставите ги цигарите во 4 чекори


Според статистичките проценки, околу половина од пушачите ќе умрат како директна последица на болести и проблеми врзани со пушењето. Дали е толкаво задоволството од пушењето за да ги оправда сите овие ризици? Дали е доцна да ги оставиме цигарите? Запомнете: Никогаш не е доцна!

sistina

Според статистичките проценки, околу половина од пушачите ќе умрат како директна последица на болести и проблеми врзани со пушењето. Дали е толкаво задоволството од пушењето за да ги оправда сите овие ризици? Дали е доцна да ги оставиме цигарите? Запомнете: Никогаш не е доцна!

Статистичките податоци – убиствени!

Според најпрецизните статистичари – Американците, околу половина од пушачите ќе умрат како директна последица на болести и проблеми врзани со пушењето. Значи меѓу партнери пушачи едниот речиси сигурно ќе биде жртва на пушењето. Дефинитивно не е нешто што се случува ретко, кај некој кого не го познаваме, нели?

Пушењето го оштетува речиси секој орган на телото и го влошува општото здравје на организмот. Тоа претставува причина за појава на рак и смртност од малигни заболувања. Еден е од водечките ризик фактори за појава на срцев удар, мозочен удар и аневризма на аортата.

Дишните органи кај пушачите многу почесто страдаат од хроничен бронхит, емфизем, астма и чести респираторни инфекции.

Бремените жени кои пушат многу почесто раѓаат недоносени деца и деца со вродени аномалии. Кај мажите пушачи честа е појавата на импотенција.
Дали е толкаво задоволството од пушењето за да ги оправда сите овие ризици? Дали е доцна да ги оставиме цигарите?

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА!

Веднаш по прекинот почнува да се намалува ризикот од наброените заболувања.

ШТО АКО ПОВТОРНО ЗАПАЛИТЕ?

Не се обвинувајте! Убедете се дека сè уште сте непушач! Вратете се на претходната патека! Потпишете пред некој кој ви значи дека сте непушач.

Што потоа?

Ќе ви се вратат свежината, здивот, чувството на мирис, вкус. Нема да чувствувате замор и при најмал напор. Кожата ќе си ја поврати бојата и свежината. Нема да барате место за пушачи.
И очекувајте поквалитетен и подолг живот.
Заклучокот се наметнува, со првиот чекор почнуваме уште утре!

СТОП ЗА ЦИГАРИТЕ ВО ЧЕТИРИ ЧЕКОРИ

Чекор еден

Напишете ги причините зошто треба да прекинете и читајте го листот неколкупати дневно.
Спакувајте ја кутијата со цигари во дополнителен лист хартија и затворете ја со гумен ластик. При секое палење цигара запишете го времето и колку ви била значајна цигарата на скала од 1 до 5. Повторно запакувајте ја кутијата.

Чекор два

Продолжете со чекорот еден и обидете се да пушите секој ден помалку. Држате ги цигарите далеку од дофатот на раката.

Чекор три

Продолжете со активностите. Прецизирајте датум кога дефинитивно ќе прекинете. Не купувајте нова кутија додека не ја потрошите постоечката. Обидете се да апстинирате 48 часа.

Чекор четири

Комплетно прекинете! Исфрлете ги запалките, пепелниците! Не останувајте без никаков ангажман! Вежбајте! Одете во кино! Избегнувајте ситуации и околина која ве наведува да запалите цигара! Најдете здрава замена за цигарите. Секогаш со себе носете гума за џвакање и бомбони! Грицкајте моркови! Најдете им некаква активност на дланките! Кога ќе почувствувате криза – длабоко вдишувајте воздух!

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!