Што е аневризма?

Аневризмата претставува проширување на крвен сад и она што е најбитно е нејзиното навремено дијагностицирање бидејќи со текот на времето може да се прошири и да дојде до распукување на крвниот сад, што е многу опасна појава. Семејната историја е еден од ризик факторите кои не можете да ги контролирате. За време на прегледот докторите најпрвин ги испитуваат отчукувањето на срцето и артериите на вратот (каротиди), па се проверува крвниот притисок и се врши палпација.

Аневризмата претставува проширување на крвен сад и она што е најбитно е нејзиното навремено дијагностицирање бидејќи со текот на времето може да се прошири и да дојде до распукување на крвниот сад, што е многу опасна појава. Семејната историја е еден од ризик факторите кои не можете да ги контролирате. За време на прегледот докторите најпрвин ги испитуваат отчукувањето на срцето и артериите на вратот (каротиди), па се проверува крвниот притисок и се врши палпација.

Доколку докторот се посомнева дека имате аневризма на аортата, тогаш ќе треба да направите ултразвук со цел да се прецизира дијагнозата. Ова е безболен тест преку кој прецизно се лоцира  и мери аневризмата. Доколку станува збор за аневризма на градите, тогаш се препорачува КТ скен со кој аневрзмата се утврдува попрецизно.

Ако докторот смета дека се работи за мозочна аневризма, тогаш ќе биде потребен КТ скен или инванзивен тест наречен ангиограм. За време на оваа процедура, се вбризгува контраст во артеријата на раката или ногата која патува до мозокот каде преку снимката може да се види секоја промена.

Магнетната резонанца, исто така, може да биде корисна во испитувањето на аортата или другите крвни садови во мозокот.

Аневризмата се отстранува единствено по хируршки пат и најчесто е ризична процедура, но во повеќето случаи, доколку интервенцијата поминала успешно, пациентите немаат понатамошни проблеми. Понекогаш операцијата може да биде поопасна од самата аневризма. Во тој случај постојаното следење на состојбата и терапијата со лекови можат да бидат најдоброто решение.

Вашиот доктор ќе ја одреди големината, типот  и местото на аневризмата преку разни технологии за снимање. Со помош на овој резултат докторот ќе го одбере најдоброто лекување на аневризмата.

Доколку станува збор за аневризма која не може да се третира хируршки, тогаш се препишуваат лекови кои го намалуваат крвниот притисок и контракциите на срцето со цел да не дојде до распукување на крвниот сад. Но, од друга страна, кога станува збор за аневризма која може да се третира хируршки, најдобро е докторот најпрвин да препише терапија со лекови со што одреден период би ја надгледувал аневризмата и нејзината големина.

Доколку аневризмата се зголеми, тогаш следува хируршка интервенција со цел да не дојде до прскање на крвниот сад.

Превенција

Најпрвин дознајте дали во вашето семејство имало случај на аневризма. Доколку имате некој член од семејството кој имал срцев удар или други нарушувања на срцето, променете ја исхраната и начинот на живот со што целокупно ќе го подобрите вашето здравје.

Постојано бидете во движење, внимавајте како се храните и доколку пушите, веднаш престанете. За превенција од аневризма најважно е да го контролирате вашиот крвен притисок. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!