Храна која ќе ви ги реши проблемите со варењето

Со симптомите од типот на повраќање, пролив, запек и мачнина се соочил речиси секој од нас. Овие проблеми почесто се јавуваат кај женската популација. Еве неколку намирници кои ќе ви помогнат и ќе ви го олеснат варењето на храната.

Со симптомите од типот на повраќање, пролив, запек и мачнина се соочил речиси секој од нас. Овие проблеми почесто се јавуваат кај женската популација. Еве неколку намирници кои ќе ви помогнат и ќе ви го олеснат варењето на храната.

Папајата често се користи во лекувањето на дигестивните проблеми од типот на надуеност, гасови и дијареа. Папајата го содржи ензимот папаин, кој ја разградува храната која го иритира желудникот.

Јаболкото е одлично за лекување на болките во желудникот бидејќи е богато со ензими и влакна кои помагаат во смирувањето на желудникот по иритација од храна. Покрај тоа јаболкото го намалува холестеролот. Доколку имате осетлив желудник, најдобро е да ги консумирате печени.

Циметот е зачин кој помага за низа дигестивни проблеми, од утринската мачнина па сè до посериозните дигестивни нарушувања. Циметот има улога да го стимулира дигестивниот состав и полека да ја турка храната кон дигестивниот тракт. Овој зачин можете да го консумирате во комбинација со јаболки, банани или чаеви. Исто така, со пола лажица цимет во една чаша жешка вода добивате чај од цимет.

Покрај овие, многу ефикасно средство за отстранување на болките во желудникот и проблемите со дигестивниот систем е ѓумбирот.

Чајот од мента и темјан помагаат во отстранувањето на грчевите во стомакот и притисокот во желудникот предизвикан од гасовите и надуеноста. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!