3 начини да ја спречите алергијата да ви го уништи мирниот сон:
По ден поминат со сите симптоми на алергија, односно чешање и солзење на очите и затнат нос – сѐ што сакате е да легнете и да се наспиете.
За жал, алергиите нѐ следат и во кревет, и поради тоа не можеме да заспиеме.
1. Изолирајте ја спалната соба од алергени
Ова е лесно да се каже, но тешко да се направи. Доколку сезонските алергии ве држат будни, истуширајте се пред спиење и оставете ја валканата облека надвор од собата за спиење. Затворете ги прозорците и вклучете ја климата. За алергии предизвикани од честички прав, обезбедете специјална постелнина за креветот. А доколку сте алергични на миленичиња, не ги пуштајте во собата каде што спиете.
2. Чистете внимателно
Вашата соба треба да биде без килими и теписи за полесно да ја исчистите од алергени. Доколку сте алергични на честички прав, перете ја постелнината со врела вода и сушете ја на висока температура. Никогаш не ја сушете постелнината надвор, поленот може да ве следи до собата.
3. Редовно пијте ги лековите
Доколку редовното ја пиете препишаната терапија, може да ви ги олесни симптомите. Некогаш, кога подолг период нема да спиете, можеби ќе бидете пред искушение да пробате некои лекови. Но, ова не смеете да го направите пред да се консултирате со вашиот лекар. Доколку вашите лекови не помагаат, задолжително консултирајте се со вашиот доктор. Постојат и други лекови кои со можете да се обидете.
Пациентите кои страдаат од алергии треба да се консултираат со својот доктор доколку интензитетот на симптомите не се намалува и лековите не им делуваат.