Што е селен?


Селенот е силен антиоксиданс, посебно ако се комбинира со витамин Е. Значаен е за јакнење на имунитетот и е неопходен за правилно функционирање на штитната жлезда.

Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во човековиот организам. Во комбинација со витаминот Е ги елиминира слободните радикали кои можат да ги оштетат клеточните мембрани и ДНК, а со тоа се придонесува за побрзо стареење на организмот и развој на кардиоваскуларни заболувања и канцер.

sistina

Селенот е силен антиоксиданс, посебно ако се комбинира со витамин Е. Значаен е за јакнење на имунитетот и е неопходен за правилно функционирање на штитната жлезда.

Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во човековиот организам. Во комбинација со витаминот Е ги елиминира слободните радикали кои можат да ги оштетат клеточните мембрани и ДНК, а со тоа се придонесува за побрзо стареење на организмот и развој на кардиоваскуларни заболувања и канцер.

 

Тој е особено битен за правилно функционирање на штитната жлезда и за имунитетот. Научниците утврдиле дека луѓето кои имаат ниско ниво на селен се подложни да развијат разни типови болести. Но, лекарите препорачуваат селенот да не се користи и во поголеми количини од оние што навистина му се потребни на организмот. Предозирањето со селен може да има и несакани појави. Доколку имате намалено ниво на селен, заради пушењето, консумирање алкохол или користење лекови за контрацепција, дури и проблеми со апсорпција на храната потребно е да го внесувате како додаток во исхраната.

Ако селенот го искомбинирате со витамин Е, витамин Ц и бета-каротин може да придонесе да се намали нивото на лошиот холестерол.

Има позитивни ефекти и штити од појава на карцином на дојка, на желудник, на простата, црн дроб и мочен меур. Селенот помага да се регулира и функцијата на тироидната жлезда и игра важна улога за имунолошкиот систем.

Недостигот на селен може да доведе и до проблеми со зглобовите, особено колената. Истражувањата  покажале дека луѓето кои земаат редовно селен во исхраната, за 15-20% го намалиле ризикот од остеоартритис на зглобовите на коленото.

Доколку имате недостиг на селен може да ви се појават следниве симптоми: слабост или болка во мускулите, губење на бојата на косата и кожата, посивување на ноктите, несвестица, повраќање, губење на косата, оштетување на кожата и ноктите, оштетувања на црниот дроб, цревниот тракт, анемија, гадење, губење на косата… 

Дневната препорачана доза е 200 микрограми. Добро е останатото количество да се внесува во форма на додатоци во исхраната.  Селенот го има во морските плодови, рибите, особено во сардината, ракчињата и лигњите. Го има во говедските и телешките бубрези, во црниот дроб, срцето, застапен во жолчката на јајцата каде што е присутен и витаминот Е.
Зрнестите продукти  исто така се богати со селен, но само оние нерафинираните. Брашното од цело зрно е богато со селен, но најмногу го има во морската и камената сол. Продукти од растително потекло кои се богати со селен се триците, `ркулци од пченица, пченка, домати, квасец, печурки, лук, црн леб, и пецива направени од интегрално брашно. Пченката претставува едно од најбогатите, а истовремено и најдостапни извори на селен. Истото се однесува и на лукот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!