Водата ги чува бубрезите

Ако внесувате доволна количина течности во текот на денот, од два до три литри, можете да го зачувате здравјето на вашите бубрези. Недоволниот внес на течности стимулира лачење на хормонот вазопресин, кој може да доведе до воспаление на бубрезите.  Овој хормон дејствува преку V2 рецепторите и доведува до развој на различни заболувања на бубрезите и покачување на крвниот притисок.

Најновите податоци укажуваат дека овој хормон делува преку V2 рецепторите што се наоѓаат во црниот дроб и панкреасот, и можат значително да влијаат на настанување на метаболички синдром и шеќерна болест.

Препораките за консумација на течности се разликуваат од земја во земја. Во просек мажите треба да пијат 2,3 литри, а жените по 2 литра дневно. Ова се однесува на внес на вода, напитоци и течност од храната. Секако, треба да имате предвид дека 20% од вкупната количина течности ја добиваме токму од храната. За правилно функционирање на телото треба да исфрлите од 1,5 до 2 литра урина. 

Но, внимавајте, не треба да внесувате и премногу течност, доколку земате повеќе од 3 литра дневно постои ризик од намалување на концентрацијата на натриум во крвта. Сите овие препораки и совети се однесуваат на здравата популација. Луѓето кои имаат здравствени проблеми, посебно оние со заболени бубрези и срце, треба да се консултираат со својот лекар кој ќе им ја одреди оптималната потребна количина за внес на течности.

Здравјето на бубрезите е од витално значење за целокупната здравствена состојба, како и за долговечноста на нашиот живот. Нивната функција е да ги исфрлат непотребните материи од крвта и да ја регулираат количината на течности во телото. Кога бубрезите ќе станат преоптоварени со токсини, може да дојде до болест на бубрезите и мочниот меур.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!