Најчести симптоми на ова заболување вклучуваат респираторни симптоми, како што се фебрилност, кашлица, скратување на времетраењето на респирациите и потешкотии со дишењето. Во потешките случаи инфекцијата предизвикува пневмонија, тежок акутен респираторен дистрес синдром, бубрежна слабост, па дури и крајно смртен исход.
Коронавирус
Коронавирусите (CoV) се едно широко семејство на вируси за кои е карактеристично дека предизвикуваат заболувања кои се од ранг на полесни, како што е настинката, до тешки форми, како што е средноисточниот респираторен синдром познат како MERS-CoV. Новиот тип на коронавирус (nCoV) кој актуелно се шири на Далечниот Исток е нов синџир кој претходно не е идентификуван кај хуманата популација. Оваа форма, односно синџир на вирусот сè уште е непознат и во однос на неговиот потенцијал, моќта, ниту во однос на неговата трансмисија.
Треба да се има предвид дека коронавирусите се зоонози вируси, што подразбира дека тие се пренесуваат помеѓу животните и луѓето. Епидемиолошко-клиничките евалуации покажале дека на пример SARS-CoV се пренесува од мачки на луѓето, а Mers-CoV од камили на луѓе. Инаку, постојат неколку форми на коронавирусите кои циркулираат помеѓу животните, а сè уште ги немаат афицирано луѓето.
Најголемиот број пациенти кои се пријавени во градот Вухан во Кина имаат контакт ,односно врска со трговија со морска храна и животни, што укажуваат на ширење на ова заболување од животни на човек. За некои од заболените постои податок дека немале никаква изложеност на пазарите на животни, што укажува на тоа дека се јавува и одредено ограничено ширење од личност на личност. Иако епидемиолошката евалуација сè уште нема финален одговор, сепак во тек се иследувања на начинот на ширење. Притоа треба да се има предвид дека оваа состојба брзо се надополнува со нови информации и истите се ажурираат.
Најчестите симптоми вклучуваат респираторни симптоми
- Фебрилност
- Кашлица
- Скратување на времетраењето на респирациите
- Потешкотии во дишење
Во потешките случаи инфекцијата предизвикува пневмонија, тежок акутен респираторен дистрес, бубрежна слабост и крајно смртен исход.
Препораки
Врз основа на моментално достапните информации за оваа болест, Светската здравствена организација сè уште не препорачува ограничување на патувањето во ризичните земји или спречување на трговија со истите. Во актуелниот момент се препорачува да се зајакне посветеноста за прифаќање на итните случаи во согласност со меѓународните здравствени регулативи од 2005 година.
Стандардните препораки официјално се за спречување на ширењето на инфекцијата, да се одржува високо ниво на лична хигиена, редовно миење на рацете, покривање на устата и носот при кашлање и кивање, студиозно термичко преработување, односно варење на месото и јајцата при нивната подготовка за исхрана. Се препорачува избегнување контакт со секој оној кој има симптоми на респираторно заболување, како што се кашлица, кивање, фебрилност.
Специфична терапија за корона вирус засега нема во класична смисла на зборот.
Совет
Препорачано е користење на антипириетици за намалување на телесната температура, редовно миење на усната шуплина, посебна хигиена на носната шуплина, адекватен внес на течности за превенција од дехидратација, но и избегнување на кисели сокови кои може да го потенцираат оралниот дискомфор и болка. Посебен третман на пациенти кои развиваат пневмонија.
извор : панацеа.мк