Неколку факти за ракот на белите дробови

Ракот на белите дробови е водечка причина за смртност споредено со  другите карциноми. Ова е еден од најподмолните малигни тумори бидејќи симптомите се јавуваат кога болеста е во поодмината фаза, кога и шансите за излекување се помали.  Најголема причина за развој на овој карцином е пушењето. Во светот секоја година се откриваат 1 200 000 нови случаи од оваа болест, од кои 1 000 000 умираат.

Ракот на белите дробови е водечка причина за смртност споредено со  другите карциноми. Ова е еден од најподмолните малигни тумори бидејќи симптомите се јавуваат кога болеста е во поодмината фаза, кога и шансите за излекување се помали.  Најголема причина за развој на овој карцином е пушењето. Во светот секоја година се откриваат 1 200 000 нови случаи од оваа болест, од кои 1 000 000 умираат.

1. Најчесто ги погодува мажите. Ракот на белите дробови е водечка причина за смртност во светот. Болеста најчесто ги погодува мажите на возраст од 50 до 60 години, но во последните години  сè почести се случаите на оваа болест кај младите. Како  причини  се наведуваат пушењето, хроничните болести на белите дробови, загаденост на воздухот, како и подолготрајна изложеност  на радон, арсен, хром и катран.

2. Пушењето, главен ризик фактор. Рапидниот пораст на карциномот на белите дробови во последните 30 години е последица на порастот на бројот на пушачи. Во западните земји околу 90 проценти од карциномите на белите дробови кај мажите и 80 проценти кај жените се  поврзани  со пушењето. Ризикот од оваа болест се зголемува со бројот на испушени цигари, периодот на пушење, како и со раната возраст на која многумина почнуваат со оваа смртоносна навика. Доколку престанете да пушите, ризикот од оваа болест се намалува, а по 15 години, шансите да се развие  болеста се исти како и кај непушачите. Зголемен ризик од карцином на белите дробови  имаат и пасивните пушачи.  Други фактори на ризик се аерозагадувањето, што е поврзано со постојаниот пораст на органски и неоргански материи во воздухот. Шанси да заболат од оваа болест имаат и лицата кои работат или имаат  контакт со азбест, радон, ураниум, хром и никел.

3. Раната дијагноза, клучна за лекување. Карциномот на белите дробови се смета за подмолна болест бидејќи  во почетната фаза нема симптоми. Во најголем број случаи  се дијагностицира во доцен стадиум кога болеста метастазирала и кога шансите за излекување се минимални.Првите симптоми што можат да укажат на карцином на белите дробови се напорна кашлица, болка во градите, како и исплукување крв, воспаление на белите дробови кое не поминува и покрај лекувањето. Исто така, треба да се обрне внимание и на нагло  губење на тежината, како и ослабен апетит. Подоцна се јавуваат и други симптоми како температура, снеможеност и анемија.

Не заборавајте!

  • Ракот на белите дробови е тешко заболување, но  современите методи на лекување, особено хируршкиот третман, овозможуваат долго преживување, а во некои случаи и целосно излекување..
  • Главен  ризик фактор за карциномот на белите дробови се цигарите па затоа најдобра превенција од ова заболување е веднаш  да престанете со пушење.
  • Доколку имате напорна кашлица подолг период или искашлувате крв, веднаш побарајте помош од лекар за да може болеста да се дијагностицира во почетна фаза.

Само редовните систематски прегледи може да ја откријат болеста во асимптоматска фаза каде има голем успех на лекување со хируршки третман.

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!