Секој од нас е доволно свесен дека дебелината претставува ризик по здравјето. Но дали знаете дека вишокот масни наслаги во стомакот е дополнителен проблем? Доколку имате поголем обем околу половината, треба да знаете дека имате опасност од:
1. Намалена функција на белите дробови
Досегашните истражувања докажаа дека зголемениот обем околу половината влијае на функцијата на белите дробови.
За разлика од непушачите со нормална телесна тежина, лицата со вишок килограми околу половината имаат намален капацитет и функција на белите дробови според резултатите од тестот за спирометрија.Со текот на времето ова може да доведе до стеснување на дишните патишта и на крајот да предизвика хронична болест на белите дробови или астма.
2. Атеросклероза
Дебелината во абдоменот е поврзана со појавата на атеросклероза. Научниците испитувале лица со вишок маснотии во абдоменот, дебели и лица со нормална тежина и откриле дека со секое зголемување на обемот во половината состојбата со артериите се влошувала. Оваа тенденција била особено изразена кај луѓе со вишок килограми во стомакот. Атеросклерозата може да доведе со мозочен удар и болести на срцето.
3. Дијабетес
Маснотиите во абдоменот произведуваат хормони кои можат сериозно да го оштетат метаболизмот. Овие хормони може да влијаат на рецепторите за инсулин, што значи дека инсулинот станува сѐ помалку ефикасен во регулирањето на шеќерот во крвта. Ова е главна причина за дијабетес.
4. Алцхајмерова болест
Се чини дека она што се случува во вашиот стомак може да има влијание врз вашиот мозок. Истражувања од 2010 година откриле дека вишокот килограми во стомакот е поврзано со намален волумен на мозокот. Ова, пак, е поврзано со психата и претставува потенцијал да се развие Алцхајмерова болест.
5. Хипергликемија
Маснотиите во абдоменот можат да доведат до зголемено производство на LDL (познат како лош холестерол). Дополнително, ова го намалува нивото на HDL (или добар холестерол) во телото. Ризикот од атеросклероза и зголемени вредности на LDL холестеролот се совршена комбинација за болести на срцето, висок крвен притисок и мозочен удар.
Каде ќе се складираат вишокот килограми зависи од вашите гени. Но, доколку вашите килограми се таложат во стомакот, има начин да го намалите ризикот. Според лекарите, вежбите се најдобриот начин за да се ослободите од маснотиите наталожени околу вашата половина. Но, и одреден режим на исхрана е добредојден во овие случаи. Со редовно вежбање од пола час дневно и со доволна мотивација, ќе може да го намалите обемот на вашиот стомак, а со тоа ќе го заштитите и вашето здравје.