АНЕСТЕЗИЈА КАЈ ДЕЦА ПОСТОЈАТ ЛИ РИЗИЦИ И КАКО СЕ ТРЕТИРААТ ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Под детска анестезија се под разбираат сите анестезиолошки постапки што се спроведуваат кај децата од нулти ден по раѓањето до 14-годишна возраст. Карактеристиките на детската анестезија произлегуваат од физиолошките специфичности на децата. Анестезиологот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ прим. д-р спец. Снежана Поповска, појаснува дека анестезијата кај деца е специфична и се разликува од адултната анестезија поради фудаментални физиолошки и анатомски карактеристики на детскиот организам. „На пример, кај неонатуси (бебиња до 28 дена) има незрелост на бубрезите, а зрелоста на респираторниот систем зависи од сурфактант фактор. Малите деца имаат незрела терморегулација, централниот нервен систем сè уште не е развиен, ензимскиот систем и црниот дроб се незрели на деца под девет месеци, што доведува до различен одговор на фармаколошките агенси, т.е анестетици. Сето тоа го наметнува самиот пристап и техниката на анестезија да е сосема различна од онаа кај возрасните“, појаснува д-р Поповска. Анестезијата на деца под три го – дини се смета како високоризична анестезија, затоа, нагласува д-р Поповска, потребна е добра комуникација меѓу анестезилогот и родителот, како и навремена и добра информираност и едукација на родителите и пациентот.

 ПРЕДОПЕРАТИВНАТА ПРОЦЕНКА Е КЛУЧНА ЗА ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА ДЕТСКА АНЕСТЕЗИЈА

На секоја интервенција за која е потребна анестезија ѝ претходи анестезиолошкиот преглед. Предоперативната проценка, појаснува д-р Поповска, најчесто се прави 2-3 дена пред интервенцијата и е клуч – на во изборот на видот и типот на анестезијата. „При анестезиолошкиот преглед се оценува здравствената состојба на детето, употреба на антибиотици и друга терапија, присуство на некој вид алергија. Се даваат совети на родителите за исхраната на детето пред и по анестезијата. Два часа пред и по анестезијата смее да се пие вода, 4 часа пред и потоа може да се консумира млеко, а дури 6 часа пред и по анестезијата се внесува тврда храна. За време на предоперативната проценка се советуваат родителите како да го запознаат детето со интервенцијата во зависност од неговата возраст, заради намалување на анксиозноста на дeцата од разделбата со родителите и стравот од самата интервенција. Таа ја нагласува улогата на родителите во подготовката на децата, потенцирајќи дека ништо не може да го смири детето како смирен и присебен родител. Се дава простор на родителите да прашаат сè што ги интересира во врска за анестезија – та што треба да ја прими нивното дете“, вели д-р Поповска, додавајќи дека кај децата во зависност од видот на хируршката интервенција, здравствената кондиција, годините, се применуваат општа, регионална и локална анестезија. Општа анестезија – детето спие во текот на операцијата, се губи чувство на свесност и чувството на болка, се губат рефлексите на дишење и голтање, без сеќавање на операцијата. Таа се постигнува со вдишување на гасови или преку интравенозно давање анестетици. Најчесто застапена е кај деца по – мали од 3 години.

Регионална – анестетикот се инјектира во близина на нервот или нервните корени, зафаќајќи поголема ареа од телото, на пример од половината на телото надолу. Се губи сензибилитетот, чувство за болка, понекогаш и моториката. Повеќето од децата кога ја примаат оваа анестезија се седирани или заспани. Локалана – анестетикот зафаќа само еден мал специфичен дел од телото, на пример заб или дел од кожа, каде се губи чувство за допир и болка. Анестетикот може да се даде со инјекција, спреј или анестетик во вид на маст. Се употребува при т.н. one day surgery, односно мали хируршки интервенции. Д-р Поповска појаснува дека видот на анестезијата која ќе биде изведена, е специјално таргетирана во зависност од возраста на детето, неговата телесна тежина, видот на хируршката интервенција, перзистенција на некоја алергија, моментална здравствена состојба на детето, како желбата на детето доколку е поголемо, но потенцира дека желбата сепак не е пресуден фактор при изборот на анестезијата.

АНЕСТЕЗИЈА ЗА ДИЈАГНОСТИЧКИ ИСПИТУВАЊА

Просторот каде што се прават дијагностичките процедури (MRI,CT,PET SCAN), биопсии, артериографии, е предивик за анестезиолошкиот тим, особено кога пациенти се децата, вели д-р Поповска. Годишно во „Аџибадем Систина“ се прават 60-70 вакви процедури. „Децата при овие процедури се длабоко седирани, што овозможува да бидат релаксирани и го минимизираат стравот од самата процедура, се намалува чувството на болка и воедно се смируваат пациентите за успешно изведување на самата дијагностика. Седацијата се постигнува со употреба на анестетици преку васкуларен пристап или со инхалација на гасови со апарат за анестезија, со обезбедување на дишниот пат и стандарден мониторинг на виталните функции“, појаснува анестезиологот д-р Поповска. Процедурите временски траат од 15-60 минути со што се укажува на важноста на системскиот пристап на анестезиолошкиот тим и сличноста на овој тип анестезија со анестезијата која се изведува во оперативната сала.

МУЛТИМОДАЛЕН АНЕСТЕЗИОЛОШКИ ПРИСТАП КАЈ ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Во оваа група спаѓаат деца со нарушени когнитивни способности, аутистичен спектар, АDHD Sy, деца со церебрален исхемичен синдром…група која зафаќа 2% од светската популација, која има специфичности, како нарушување во однесувањето, интелектуален дефицит, физички лимитации, хронични нарушувања на функциите на централниот, кардиоваскуларниот и ендокриниот систем. „Рутинските стоматолошки интервенции се често оневозможени поради анксиозноста на децата, перцепија на болката и непредвидливиот одговор на секаква стимулација. Кај ваквите случаи анестезиолошкиот пристап е мултимодален – десензитизација (бихевиор-техника со која се запознава детето со околината, се вклучува во процесот), анксиолитична предмедикација, длабока седација или општа анестезија“, вели д-р Поповска.

НЕМА ДОКАЗИ ЗА ШТЕТНО ВЛИЈАНИЕ НА АНЕСТЕЗИЈАТА ВРЗ МОЗОКОТ НА ДЕЦАТА

Во однос на ризиците и несаканите ефекти од примањето анестезија, докторката вели дека во денешно време на современа технологија и модерните анестетици кои ги употребуваме во процесот, се исклучително ретки. „Како најчести несакани ефекти кои се јавуваат на 1 од 10 деца се главоболка, сувост на грлото, гадење и повраќање, вознемиреност при будење. Ваквите симптоми најчесто траат краток временски период, односно до половина час. Алергични манифестации на анестетиците се поретки, оние од посериозен карактер се јавуваат на 10 од 10.000 деца. Ризикот на смртност со модерниот пристап на анестезија, современата технологија и денешните современи анестетици е сведен на минимум и се јавува помлаку од 1 на 100.000 пациенти“, потенцира д-р Поповска. Додава дека во последно време правени се многу студии за делување на анестетиците кои се даваат во општата анестезија, во развојот на мозокот и когнитивните способности кај децата. „Има индикации дека поголем ризик има кај деца помали од три години каде што хируршки процедури траат подолго од три часа или повеќе пати добиле општа анестезија до навршување на 3 години, но до денес нема сигнификантни податоци дека имаат штетно влијание врз развојот на мозокот. Важно е да се напомене дека секој ризик се проценува над важноста на хируршката интервенција и дека постојат алтернативи на општата анестезија, како што е регионалната“, појаснува докторката. Најдобра анестезија за вашето дете, подвлекува д-р Поповска, е онаа со која детето се чувствува најбезбедно, која овозможува квалитетен сон, без трауми и сеќавања од операцијата и која дава квалитетно обезболување за време на интервенција и по неа.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!