Колку време да трае вашиот тренинг?

Денес многу луѓе обрнуваат внимание на својот изглед и тело. Сепак, оние кои се обидуваат да оформат и да ги зајакнат мускулите поминуваат часови и часови во вежбалниците. Доколку напорно работите на своето тело, а резултатите се незабележителни, тогаш најверојатно е време да се го намалите темпото. Еве зошто на телото му е потребен одмор и закрепнување по секоја вежба.

Сигурно сте забележале дека во вежбалниците речиси сите вежбаат напорно со часови со цел да се постигнат подобри резултати, што е сосема логично. Сепак, ваквото размислување е погрешно. Идеалната должина на тренингот би требала да биде од 40 до 60 минути. За ова време не само што можете ефикасно да ги извежбате сите мускулни групи туку можете да ги искористите и хормоните.

Претераното вежбање може да остави различни резултати на телото. Со цел што побрзо да се видат резултатите, луѓето вежбаат побрзо и подолго. Доколку вежбате на ваков начин, можете да го спречите процесот на развивање на мускулите. По секое вежбање на телото му е потребно време за да се одмори и прилагоди.

Добро искреиран план за вежбање подразбира барем еден ден одмор меѓу два тренинга. Оваа пауза е наменета за одмор на мускулите. Доколку не правите одмор меѓу тренинзите, тогаш сте поподлежни на повреди, а исто така телото нема да напредува правилно доколку не се одмора.

Еве неколку знаци кои ни укажуваат дека треба да направиме пауза:

–          Не можете да го завршите вежбањето.
–          Не можете да ја зголемите телесната маса, иако напорно вежбате
–          Не можете да ја зголемите мускулната маса, иако постојано кревате тегови
–          Не можете да спиете, ниту да се одморите
–          Зглобовите и мускулите ве болат повеќе од претходно
–          Редовно се разболувате

Затоа, одморот од вежбање е од неизмерна важност. Покрај тоа, телото и мускулите се обновуваат додека спиете, а понекогаш треба и да ги измасирате мускулите со цел да им ја подобрите циркулација.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!