Водич за повреди на мозокот

Вашиот мозок е добро заштитен од надворешни повреди.

Тој се наоѓа во внатрешноста на главата, заштитен со коскена структура, наречен череп. Исто истотака постојат слоеви на мембрани и течности кои сигурно го чуваат вашиот мозок од повреди. Но, и покрај овој природен шлем вашиот мозок може да биде повреден. Оштетувањата може да бидат сериозни.

Вашиот мозок е добро заштитен од надворешни повреди.

Тој се наоѓа во внатрешноста на главата, заштитен со коскена структура, наречен череп. Исто истотака постојат слоеви на мембрани и течности кои сигурно го чуваат вашиот мозок од повреди. Но, и покрај овој природен шлем вашиот мозок може да биде повреден. Оштетувањата може да бидат сериозни.

Повредите на главата се причина за смрт или траен инвалидитет на илјадници луѓе во светот секоја година. Според статистичките податоци, повеќе од пола луѓе кои добиле тешки повреди на главата завршуваат смртно.

Како може да го повредите мозокот?

1. Трауматските повреди на мозокот настануваат како последица на надворешни сили. Најчесто се добиваат при пад, сообраќајна несреќа, удар, спортски повреди, повреди од проектили од огнено оружје и др.

2. Секој поголем потрес на мозокот, внатре во черепот, може да доведе до повреда на мозокот. Во случаи на удари врз главата може да настане локална повреда на мозокот. Од ударот се формираат бранови во мозокот и на тој начин го оштетуваат. Оштетувањето може да настане директно на местото на повредата или на спротивната страна од ударот. При повреди на мозокот со проектил од огнено оружје, повредите се опсежни бидејќи проектилот прави ударен бран околу неговиот пат кој дополнително го оштетува ткивото.

3. Примарните повреди на мозокот настануваат веднаш по повредата, каде мозочното ткиво и крвни садови се истегнати, притиснати или раскинати.

4. Секундарната повреда на мозокот настанува како последица на примарната, по неколку минути или денови. Во овој случај доаѓа до оштетувања на мозочните клетки со што се влошува мозочната функција. Други нарушувања и оштетувања кои настануваат при секундарни повреди се: промена во крвниот проток во мозокот што води до исхемија (намалување на кислород во мозочната клетка), мозочен оток (едем) и зголемен интракранијален притисок.

Ако ги имате следниве симптоми веднаш на лекар:

1. Симптомите при повреди на мозокот зависат од местото каде што настанала повредата и од тежината на повредата. Кај лесните трауматски повреди, на пример потрес на мозокот, најчесто нема губење на свеста и или доколку има, тоа трае неколку секунди. Покрај ова може да се јават и други симптоми како: главоболка, гадење, повраќање, губење на координација, вртоглавица, губење на рамнотежа, осетливост на светлина, нарушување на видот, зуење во ушите, губење на чувство на вкус, малаксаност и нарушување во сонот. Исто така може да се јави промена на расположението и однесувањето како: конфузија, губење на меморија и концентрација, нарушувања во мисловниот процес.

2. Кај потешките трауматски повреди на мозокот може да се јави и јака главоболка која трае подолго време, повторувачки повраќања, грчеви, поспаност која трае, проширување на една зеница, бавен и отежнат говор, слабост во екстремитетите, губење на координација, конфузија, немир. На подолг период може да се јават и симптоми на нарушено социјално и емоционално однесување.

3. Особено се значајни симптомите на покачен интракранијален притисок (притисок внатре во черепот) кои ако не се третираат може да доведат до смрт. Симптомите на овој вид повреда се: нарушена свест, слабост или одземеност на екстремитетите, забавување на пулсот, покачување на крвниот притисок, проширување на зеницата и нарушено дишење. Појавата на нарушено држење, односно став на телото и екстремитетите е многу лош знак.

ВАЖНО

Со терапија треба да се почне што поскоро, во првите минути/часови по повредата. Од местото каде е настаната повредата до транспортот во болничка установа, главна цела е да се стабилизира пациентот и да се спречат секундарните повреди на мозокот. Кај потешките повреди лекувањето се спроведува во одделите за интензивна нега.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!