Труење од храна кај децата

Што претставува труењето од храна?

Труењето од храна се случува кога во организмот заедно со храната внесуваме и токсини (отрови). Извор на бактерии во храната можат да биде преработката на храната, транспортот, пакувањето или расипување на намирницата поради несоодветно чување.

Што претставува труењето од храна?

Труењето од храна се случува кога во организмот заедно со храната внесуваме и токсини (отрови). Извор на бактерии во храната можат да биде преработката на храната, транспортот, пакувањето или расипување на намирницата поради несоодветно чување.

Како да препознаете труење кај вашето дете?

Неколку часа по внесувањето на храната којa предизвикала проблем детето почнува да станува истоштено и слабо, почнува да се поти, но нема зголемена температура. Веднаш потоа почнува да повраќа. Нагонот за повраќање и мачнината се присутни и кога детето ќе исфрли сѐ што претходно јадело од желудникот, па продолжува да исфрла жолтеникав состав. Најчесто, набрзо се јавува и пролив, со обилни и чести течни столици. Сето ова го исцрпува детскиот организам. Најпрвин детето е вознемирено, а потоа станува слабо, истоштено и поспано. Причина за ова е брзиот губиток на телесни течности. Состојбата е вознемирувачка за детето и за беспомошните родители и бара итна здравствена нега.

Што треба да правите во вакви случаи?

Детето веднаш однесете го на лекар!

Кај труењето од храна симптомите брзо се влошуваат и се разликуваат од проливот предизвикан од цревни инфекции. Лекарот ќе процени дали е потребно да се надоместат течностите по пат на инфузија, или детето само може да се избори со труењето.

Како да го негувате детето?

Во моментите кога детето најсилно повраќа давањето течности, главно, нема да ги подобри резултатите.  Но, кога повраќањето ќе престане или ќе стане временски поретко, почнете да му давате мали количини вода држејќи се за златното правило, мали количини, почесто. За мало дете лажица до две на пет минути е сосема доволно за да се надоместат течностите. Доколку на детето му дадете поголема количина вода само бидејќи е жедно, набрзо очекувајте нов бран на повраќање кој ќе ви се чини поголем од количината на вода која детето ја внело за да ја згасне жедта. 

Во моментите на најсилните симптоми детето треба да биде во полуседната положба. Кога главата е во полулегната положба, полесно доаѓа до преливање на течностите од желудникот.

Доколку по давањето на најмали количини вода детето поврати, тогаш пола час не треба да му се дава ништо бидејќи стомакот треба да се одмори.

Водете сметка колку пати детето повратило и имало пролив, како и количините на исфрлената содржина. Подгответе одредена количина течности и следете колку испило. Првото прашање на лекарот ќе биде тоа.

Што не смеете да правите?

Во никој случај не му давајте на своја рака лекови против мачнина или за спречување пролив!

Повраќањето и проливот се начини на природна борба против бактериите внесени од храната. Доколку се обидете да ги смирите симптомите со лекови, само можете да му ја влошите здравствената состојба на детето. 
 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!