Експертите по стоматологија набројуваат 8 ризик фактори за губење на забите како резултат на периодонтално заболување. Како и кај повеќето заболувања, некои од ризик факторите не можеме да ги контролираме.
Листа на ризик фактори:
– Постари од 35 години
– Заболувањата на забите се почести кај машкиот пол поради нередовната хигиена и посета на стоматологот
– Никогаш или многу ретко посетувате стоматолог
– Никогаш или многу ретко сте користеле четка за заби
– Сте пушеле цигари или сè уште пушите
– Имате дијабетес
– Имате висок крвен притисок
– Имате ревматоиден артритис
Едно истражување покажало дека заболувањето на непцата е главната причина за губењето на забите. Во истото истражување се докажува дека мажите и лицата над 35 години се посклони на ова заболување од причина што не обрнуваат толку внимание на својата дентална хигиена и не одат на стоматолог сè додека не ги заболи заб.
Три од десет пациенти кои страдаат од заболување на непцата се или биле пушачи. Се верува дека поврзаноста меѓу пушачите и губењето на забите е уште потесна.
Близу 40% од пациентите речиси никогаш не се јавиле на стоматолог, а единствено 13 % биле на стоматолог 6 месеци пред губење на забите.
Најмногу од пациентите, дури 60%, рекле дека ниту еднаш не ги измиле забите, а само 16% се изјасниле дека ги мијат забите двапати во денот.
Губењето на забите и општата здравствена состојба
Многу од пациентите исто така имале и други здравствени проблеми. Речиси еден од петмина имале дијабетес тип 2, а докажано е дека дијабетесот и губењето на забите се тесно поврзани.
Едно од десет лица имале висок крвен притисок, како и ревматоиден артритис.