3 Совети кои ќе ви помогнат во рано откривање на рак

Еве една вистина: доколку рано го откриеме и дијагностицираме карциномот, може да спасиме безброј животи. За пример ќе го земеме карциномот на дебелото црево. На полипите им се потребни повеќе од 10 години да преминат во карцином. Нивното рано дијагностицирање може буквално да го спречи развојот на оваа болест.

На пример, едно истражување направено неодамна истакна дека колоноскопијата може да спречи развој на карцином на дебело црево во околу 40 % од случаите. Но, дури 70% од луѓето над 50 години воопшто не прават колоноскопија.

Еве една вистина: доколку рано го откриеме и дијагностицираме карциномот, може да спасиме безброј животи. За пример ќе го земеме карциномот на дебелото црево. На полипите им се потребни повеќе од 10 години да преминат во карцином. Нивното рано дијагностицирање може буквално да го спречи развојот на оваа болест.

На пример, едно истражување направено неодамна истакна дека колоноскопијата може да спречи развој на карцином на дебело црево во околу 40 % од случаите. Но, дури 70% од луѓето над 50 години воопшто не прават колоноскопија.

Истите факти се точни и за другите форми на болеста. Кога станува збор за канцер, рано откривање е дефинитивно најдобрата форма на превенција.

За да ја откриете оваа подмолна болест навреме, треба да ги преземете следниве чекори:

1. Правете редовни систематски прегледи

Колоноскопијата е преглед преку кој се откриваат полипи-аденоми и карцином на дебелото црево и се препорачува за мажи и жени подеднакво, почнувајќи од 50-тата година. Во некои случаи, кога има присуство на генетски фактори на ризик, треба да се започне уште порано.

За да се спречи појава на карцином на простата, се препорачува еднаш во две години секој здрав маж на возраст од 50 до 70 години да направи лабораториска проверка на ПСА и уролошки преглед. Разговарајте со вашиот доктор за предностите и недостатоците од овој преглед.

За жените препорачуваме мамографски преглед по 40-тата година од животот за да се помогне во превенцијата на карцином на дојка. Дополнително, закажете ПАП тест кој доколку е уреден треба да се прави еднаш годишно. Рутинските ПАП тестови се најефикасниот начин за откривање на карцином на матката.

Затоа, задолжително посетете го вашиот доктор. Информирајте се кои тестови најмногу би ви биле од корист и кога треба да ги направите истите.

2. Дознајте за вашата семејна историја – и постапувајте соодветно

Дознајте дали сте изложени на поголем ризик за одредени болести или карциноми поради вашата семејна историја. Разговарајте со вашиот доктор, можеби треба да правите скрининг почесто. Доколку некој во вашето семејство имал канцер, консултација за рано тестирање може да направи огромна разлика во детекција и превенција.

Доколку имате мутација во гените како БРЦА1 или БРЦА2, вашиот доктор ќе треба почесто да ве следи и да ви предложи начини за превенција, како на пример превентивна мастектомија.

3. Контролирајте го она што зависи од вас

Многу ризик фактори и генетски предиспозиции не можете да ги контролирате. Но, тоа што можете да го контролирате е да ги елиминирате факторите на ризик. Промените во животниот стил, здравиот начин на исхрана и спортот прават позитивна промена во превенцијата на канцер. На пример:

• Престанете да пушите! Со тоа ќе го намалите ризикот од појава на карцином на бели дробови
• Избегнувајте изложување на сонце и солариум – со тоа се заштитувате од појава на карцином на кожата
• Намалете го ризикот од појава на карцином на црн дроб со умерено пиење.
• Намалете ја веројатноста од карцином на дојките и други форми на рак преку редовни вежби и здрава исхрана. Одржувајте ја и телесната тежина во рамките на нормалата.

Превенцијата и раното откривање најмногу зависат од вас – пациентот. Контролирајте го она што можете и стекнете навика за редовни превентивни проверки и тестови.

За животот се работи!

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!