Дали вашето тело е постаро од вас?


Тоа што сте во триесеттите години од вашиот живот значи дека сте сѐ уште млади. Но, дали вашето тело е младо? Истражувањата во последно време велат дека луѓето сѐ повеќе стануваат физички постари од своите години. Причина за тоа е начинот на живот, лошите навики, нездравата исхрана, неактивноста, стресот, алкохолот, цигарите... Постојат знаци кои укажуваат на фактот дека вашето тело е постаро од вас, па проверете дали ќе препознаете некои од нив.

sistina

Тоа што сте во триесеттите години од вашиот живот значи дека сте сѐ уште млади. Но, дали вашето тело е младо? Истражувањата во последно време велат дека луѓето сѐ повеќе стануваат физички постари од своите години. Причина за тоа е начинот на живот, лошите навики, нездравата исхрана, неактивноста, стресот, алкохолот, цигарите… Постојат знаци кои укажуваат на фактот дека вашето тело е постаро од вас, па проверете дали ќе препознаете некои од нив.

Проблеми со забите

Помеѓу триесеттите и педесеттите нормално е малку да ви потемнат забите, да се јави губиток на глеѓта или понекогаш да се воспалат непцата. Но, не е нормално да ги губите забите, да ве боли вилицата и да ви крвават непцата. Во таквите ситуации важно е да посетите стоматолог и, нормално, да одржувате редовна хигиена.

Нејасен вид

По 45 година повеќето од луѓето користат очила бидејќи не можат да ги прочитаат помалите букви, а тоа е нормална појава. Но, од друга страна, помеѓу триесеттите и педесеттите не е нормална појава да не можете јасно да ги гледате лицата на луѓето поради тоа што ви се мати или видното поле ви станува ограничено, како да сте во тунел. Доколку се соочувате со вакви симптоми, задолжително јавете се на лекар.

Болки во зглобовите

Доколку сте на возраст помеѓу 30 и 50 години и имате повремени болки во грбот и зглобовите, сметајте дека вашето здравје е во најдобар ред. Но, доколку ве болат силно зглобовите и грбот во моментот кога нешто кревате или кога станувате, обратете се на лекар.

Проблеми со помнењето

Тоа што понекогаш заборавате нечие име или не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите од автомобилот  е сосема нормално. Но, доколку секое утро го барате вашиот автомобил на паркингот, тешко препознавате некои лица, или по грешка клучевите ги ставате во фрижидерот наместо во фиоката, тогаш состојбата е алармантна. Проблемите со помнењето се дел од процесот на стареење, но доколку забележите дека навистина премногу често заборавате, тоа би можел да биде ран знак на деменција.

Претеран замор по мала физичка активност

Лесниот замор по брзо одење или качување по скали е сосема нормален. Но, ако која било лесна физичка активност ви предизвикува потешкотија, од типот на вртоглавица, губење здив или главоболка, обратете се кај вашиот лекар. 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!