Повторно ве боли грлото?

Најверојатно, не постои личност која досега не почувствувала болка или гребење во грлото. Усната празнина и грлото се први на удар од вирусите, бактериите или туѓите тела. Токму преку нив тие влегуваат во нашиот организам и затоа болката во грлото е првиот симптом на инфекција на усната шуплина, грлото, гркланот или воспаление на крајникот. Оваа болка може да се појави и поради подолготрајно иритирање на дишните патишта поради пушењето, ’рчењето, алкохолот или алергиска реакција.

Причини за појава на болно и воспалено грло може да има повеќе, но без оглед на причината последица е воспалената слузница на дел од душникот и гркланот. Слабата болка во грлото, отежнатото дишење и голтање можат да бидат проследени од симптоматска настинка или воспаление на лимфните јазли на вратот. 

Ако болката е последица на бактериска инфекција, таа нема да помине сама по себе, неопходен е медицински третман. Освен болката, воспалението на крајниците е проследено со зголемени црвени крајници кои можат да бидат обложени со бели точки, како и зголемени лимфни јазли на вратот.

Болното грло и засипнатоста најчесто се последица на ларингитис, но доколку сте засипнати подолго време побарајте помош  од вашиот лекар.

Одлуката за земање антибиотици ја донесува лекарот по извршен преглед, доколку утврди дека болката е поврзана со бактериски инфекции. Доколку болеста е последица на настинка или вирус помогнете си со:

–          Внесување големи количини течности, а најмногу чаеви, но никако немојте да земате ладни пијалаци
–          Избегнувајте тврда храна која може да ја надразни слузницата
–          Не јадете кисела и солена храна
–          Измијте ја устата со чај од камилица
–          Носете шал или марама
–          Проветрувајте ги просториите во кои сте сместени
–          Избегнувајте напрегање на гласните жици
–          Престанете со пушењето и консумирањето на алкохол
–          Не земајте лекови на своја рака
–          Консултирајте се со лекар доколку болката трае долго, подолго од два дена, и доколку покрај болното грло имате и други тегоби (покачена телесна температура, отежнато голтање)

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!