Следниот пат кога ќе посакате да ја сопрете кивавицата, размислете малку пред да се одлучите на таквиот чекор. Може да биде штетно за вашето здравје.
Со затнувањето на носот и устата можеби ќе успеете да ја спречите кивавицата. Но таквиот потег може да ги оштети вашите ушни тапанчиња или синуси или, пак, да предизвика инфекција во ушите. Кивањето е многу силно. Ненадејното и моќно издишување на воздухот може да исфрли слуз со брзини до 100 милји на час.
Некои луѓе почнуваат да киваат поради пролетта и појавата на алергени. Еден од симптомите на алергијата е кивање неколкупати по ред. Понекогаш, луѓето ги оштетуваат своите ушни тапанчиња или синуси бидејќи го сопираат силното кивање.
Некои луѓе киваат поради настинка. Тогаш се произведува жолтеникава слуз од носот која е сигнал за инфекција. Најдобро е да се дозволи слузот да излезе. Со сопирање кивавицата може да го турнете заразениот слуз назад до средното уво и на овој начин да добиете инфекција на средното уво.
Кивањето е заштитен рефлекс. Ова значи дека некаков иритант влегол во вашиот нос а кој вашето тело сака да го држи подалеку од вашите синуси и бели дробови. Кога кивате, вашето тело се ослободува од несаканиот натрапник. Има некои неточни мислења кои велат дека со сопирање на силните кивања може да предизвикате мозочен удар или, пак, да ви пукне бубрегот.
За на крај еден совет: ослободете го вашето тело да прави што му е потребно и кивајте. Само покријте ја устата и носот.