Ишијас

Што е ишијас?

Ишијасот е болка која поминува низ скијатичниот (ишијасниот) нерв, голем нерв кој е сместен во долниот дел на грбот и продолжува кон задните делови на двете нозе. Ишијасот е честа болка во грбот. Иако може да биде многу болна состојба, ретко се случува да предизвика трајно оштетување на нервите. Најчесто е предизвикан од воспаленија и обично болката поминува по неколку недели.

Што е ишијас?

Ишијасот е болка која поминува низ скијатичниот (ишијасниот) нерв, голем нерв кој е сместен во долниот дел на грбот и продолжува кон задните делови на двете нозе. Ишијасот е честа болка во грбот. Иако може да биде многу болна состојба, ретко се случува да предизвика трајно оштетување на нервите. Најчесто е предизвикан од воспаленија и обично болката поминува по неколку недели.

Симптоми

– Болка во должина на ногата, сé до крајот на стапалото, која се зголемува при стоење и седење
– Здрвување во долниот дел на ногата и стапалото
– Слабост, вкочанетост или потешкотии при движењето на ногата или стапалото
– Постојана болка во задникот и задниот дел на ногата
– Отсечна болка која се јавува при станување

Ишијасот најчесто зафаќа една нога. Болката се шири од долниот дел на грбот па низ задниот дел на бутот се проширува на долниот дел на ногата. Во зависност од тоа на кое место е загрозен скијатичниот нерв, болката може да се префрли сé до стапалото или прстите. Кај некои луѓе може да се појави огромна болка, кај други непостојана и досадна, но со потенцијал да се влоши.

Што го предизвикува ишијасот?

Секоја состојба која предизвикува иритација на скијатичкиот нерв може да предизвика ишијас. Во многу случаи, ишијасот е предизвикан од притисок на скијатичниот нерв како резултат на дискус хернија. Еве уште неколку причини кои предизвикуваат ишијас:

– Лумбални спинални стенози
– Дегенеративно заболување на дискусот
– Спондилолистеза
– Бременост

Како се дијагностицира?

Во дијагностицирањето на ишијасот докторот ја испитува вашата медицинска историја и прави испитувања на грбот, колковите и нозете со цел да ја провери силата, фелексибилноста, осетливоста и рефлексите.

Другите тестови можат да вклучат:
– Рендген
– Магнетна резонанца
– КТ скен
– Електромиограм

Како се лекува ова заболување?

Третманот од ишијасот се заснова на отстранување и ослободување на притисокот и воспалението. Најчесто овој третман опфаќа:
– Медицински третман: Нестероидни антиинфламаторски лекови од типот на ибупрофен, орални стероиди и епидурални стероидни инјекции
– Физикална терапија
– Хируршки третман

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!